Заврши Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево

 Со концерт на екс-ју звездата Ален Исламовиќ синоќа во Пехчево заврши деветтото издание на Фестивал на дувачки оркестри.

 Во рамки на одбележувањето на денот на градот се одржа и 11-тото издание на етно саемот „Пехчевски Павловден” чие одржување, како што истакна Николчо Јовчев, претседател на Советот на општината, придонесува да се подобри постоечката рурална туристичка понуда за одржлив развој на регионот преку соработка во полето на фестивалскиот туризам.

-Традиционалниот етно саем прв пат бил организиран од страна на група угостители, туристички работници и занаетчии во соработка со организацијата на жени од Пехчево, за што јас сум им многу благодарен, бидејки преку негова организација, општина Пехчево се стреми да предизвика долготрајно влијание кон локалната економија и да биде пример за руралните заедници. Верувам дека на оцој начин ќе ја подобриме сегашната сосројба и трендовите во руралниот туризам, истакна Јовчев.

Покрај етно саем во рамки на дневната програма на Фестивалот на Дувачки оркестри настапија голем број на фолклорни групи и солисти како од Пехчево, така и од соседните градови, но и од Република Бугарија претставувајки го автентчниот фолклор на својот крај.

Во рамки на последната фестивалска вечер на сцената свој настап имаа оркестрите Џипси тајфа од Кочани и Уска Кан од Берово, а поради дождот беше прекинат дел од концертот на Исламовиќ како и на Bras Brothers, оркестарот кој требаше да го затвори фестивалот.

Сепак и покрај тоа деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево за време на дводневната програма успеа да собере над 5.000 гости кои уживаа во прекрасната музика надополнета со скара и пиво. Настанот Општина Пехчево го организираше со поддршка на главните спонзори Хотел Гогов, Кит-Го и ДИК „Фагус”.

Млади од Кичево дебатираа за влијанието на насилството од видеоигрите

Во Кичево  денеска се одржа дебата на тема „Дали видео игрите кои содржат насилство се соодветни за млади".

Дебатата е дел од проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија" подржан од Британска Амбасада и Амбасада на Кралството Холандија во Скопје.

– Овој проект има цел да даде поддршка на националната стратегија и акциониот план за борба против насилен екстремизам преку зајакнување на соработката помеѓу локалните чинители, вклучувајќи лидерите на граѓанското општество, верските заедници, младите и локалните и централните власти поврзано со спречување и борба против насилен екстремизам преку креирање Тимови на Акција во Заедницата (ТАЗ) во три пилот општини, Чаир, Гостивар и општина Кичево, вели кординаторот на Младинскиот Совет на општина Кичево Арбен Ристеми./МИА

Претставен новиот Волво на хибриден погон (ВИДЕО)

Актуелниот Волво Ѕ60 ја доби најсилната погонска верзија со 390 Кс во комбинација на бензински и електромотор.

Третата генерација на Ѕ60 доаѓа со моќен Т8 плаг-ин хибрид. Турбо бензинецот има 303 КС , а електромоторот дополнителни 87 КС , а силата од 390 КС е распоредена на сите четири тркала со помош на 8- брзинскиот менувач.

На 100 км/час стигнува за 4,6 секунди , а од Волво велат дека оваа лимузина троши само 1,6 литри бензин на 100 км.

Емисијата на јаглероден диоксид е само 39 грама на поминат километар. Самостојно со батериите новиот Волво може да помине 58 километри.

Отворена најголемата гаража за велосипеди на светот (ВИДЕО)

Во холандскиот град Утрехт , под централната железничка станица е отворена најголемата гаража за велосипеди на светот.

Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди . Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.

Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот , па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража.

Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7 500 велосипеди , а сега е целосно завршен големиот проект. паркингот е на три ката и работи 24 часа.

притисни ентер