СДСМ: Редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фимите: 196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година.

Она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.

Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе.

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите.

Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите.

Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Креираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука

Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина.

Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството.

Со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.

Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите но и ги задоволуваме потребите на работодавачите со квалификувана работна сила.

Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се околу 6.000 лица. Оваа мерка е инвестиција во знаење, усовршување и преквалификација на младите.

Во Собранието е усвоен и Законот за младинско учество и младински политики.

Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството.

Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам,  поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето  на стапката на невработеност кај младите на 35%, а ако споредиме со таа во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беше 48,2% ќе заклучиме дека има огромна разлика.

Затоа на 12 април, младите, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои значат напредок и просперитет и за граѓаните и државата.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Премиерот Спасовски се сретна со новиот амбасадор на БиХ, Јаќимовиќ

Определени сме да продолжиме да ги унапредуваме добрите пријателски и партнерски односи помеѓу нашите две држави, како и за добра соработка со сите соседи и во регионални рамки. 

 Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со Драган Јаќимовиќ, новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата држава. Како што соопшти владината прес-служба, амбасадорот Јаќимовиќ му го честитал на премиерот Спасовски стапувањето на должноста и изразил очекување за скорешно остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата држава, пат кон којшто е определена и Босна и Херцеговина.

На средбата бил пренесен интересот од граѓаните на Босна и Херцеговина и од тамошната економска заедница, за уште поголемо унапредување на воспоставената добра соработка помеѓу двете држави.

Двајцата соговорници заеднички констатирале дека постои значителен напредок во односите помеѓу двете земји изминатите две и пол години, во повеќе области од полза на граѓаните, како што е меѓусебното признавање на возачките дозволи, влегувањето во државите со лични карти, направените заложби во создавањето услови за подобра економска соработка.

Констатирано е дека двете земји немаат отворени билатерални прашања и дека тоа отвора широк простор за меѓусебна соработка.

-Определени сме да продолжиме да ги унапредуваме добрите пријателски и партнерски односи помеѓу нашите две држави, како и за добра соработка со сите соседи и во регионални рамки. Добро е што раководствата на државите во регионот се насочени повеќе од секогаш кон надминување на какви било отворени билатерални прашања и за гледање кон иднината. Пријателствата и зајакнувањето на економската соработка ќе овозможат во нашата заедничка голема цел, да ги мотивираме граѓаните на нашите држави и посебно младите луѓе, да останат да живеат и работат во своите родни земји. И Република Македонија ќе продолжи да придонесува во добрата регионална соработка и европските интеграции, нагласил Спасовски.

На состанокот станало збор и за можностите за поактивна соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина во делот на поврзувањето на стопанските комори, во областа на земјоделството, за планираното воспоставување авиолинија што ќе ги олесни комуникациите меѓу двете земји и граѓаните, за поттикнувања на промоцијата и соработката во областа на туризмот и во сите други области од значење за квалитетот на живот на граѓаните. 

Нов парк во Стар Аеродром

Нов парк ќе биде изграден во Стар Аеродром што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло", соопшти Општина Аеродром.

Урбаниот парк ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни и ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија, додаваат од Општината. 

притисни ентер