Големата шампионка Серена Вилијамс декласирана, Симона Халеп на тронот на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на годинешното неофицијално светско првенство во тенис, Грен слемот во Вимблдон.

Во големото финале феноменалната Халеп за само 57 минути игра од централниот терен во Вимблдон ја збриша големата шампионка Американката Серена Вилијамс победувајќи ја експресно во два сета со 6-2 и 6-2.

За Симона Халеп по титулата на Роналд Гарос ова е вториот трофеј од Грен слем турнирите. Легендата на светскиот тенис Серена Вилијамс попладнево не успеа да го подигне својот осми пехар во Вимблдон.

Русија го укина задолжителниот карантин за патниците од странство

Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, одлучи Федералната служба за здравствена заштита.

Странските државјани кои доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус, или да се тестираат во рок од три дена по влегувањето во земјата.

За од руските граѓани исто така важи обврската да се тестираат во рок од три дена од пристигнувањето во земјата.

Работодавачите се обврзани да ги известат вработените за задолжителното тестирање и да проверат дали ја исполниле таа обврска.

МЗ:Неделава почнува поставувањето на монтажен амбулантско-поликлинички оддел

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.

Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Екс-босански министер правел „пена-забава“, се отвори истрага

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози јавноста со објавата на снимка од неговата „пена-забава“ на реката Укрина.

Мектиќ организираше забава на реката, со посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загади реката. Поради тоа, од инспекторатот на република српска било побарано да се истражи случајот, а од водовод наложиле земање на примероци од водата за анализа.

Од ресорното министерство реагираа и соопштија дека е несфатливо и недозволиво за забава да се испуштаат хемикалии во река и најавија дека ќе инсистираат да се утврдат сите околности и да се казнат сторителите.

притисни ентер