Ослободени морнарите од иранскиот танкер

Полицијата на Гибралтар соопшти дека сите четворица членови на екипажот на иранскиот танкер „Грејс 1“ се ослободени со кауција.

Гибралтарската полиција синоќа соопшти дека се уапсени двајца офицери од танкерот „Грејс1“ кој минатата недела  беше запленет  поради кршење на санкциите на ЕУ , поради тоа што пренесувал нафта кон Сирија.

Инаку во полициското соопштение се наведува дека членовите на екипажот на иранскиот танкер се ослободени со кауција и со одредени услови.

Пајакот во Ријека подигна Смарт и го здроби (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Хрватска и во регионот денеска се рашири видео на кое се гледа како работи пајак-службата во Ријека.

Снимката е објавена на страницата на Фејсбук ,,Сообраќајни згоди и незгоди” , а на неа се гледа како пајакот се обидува да подигне автомобил Смарт , кој бил непрописно паркиран.

Откако го закачиле на системот за кревање, Смартот се наведнал неколку пати до тој степен што удрил во земја и на предната и на задната страна. Според сведоците кои ја снимиле целата ситуација, Смартот е здробен од сите страни.

Од полицијата велат дека штетата најверојатно ќе биде надоместена со осигурувањето, бидејќи нема елементи на кривичното дело, бидејќи пајак-службата немала намера да го оштети автомобилот.

Фармацевтски компании ќе платат 260 милиони долари , поради зависност со лекови во Охајо

Четири големи фармацевтски компании постигнаа вчера договор со два округа во американската сојузна дрѓава Охајо да не одат на судење , туку да платат обештетување од 260 милиони долари поради улогата во епидемијата на бројот на зависници од леков

Сепак, фармацевтските компании AmerisourceBergen, Cardinal Health, McKesson и Teva не успеаја да постигнат порамнување во вредност од десетици милијарди долари што ќе ги завршеше сите парници што се водат против нив во моментов.

Четирите споменати компании дистрибуираат околу 90 проценти од лековите на рецепти во САД и ќе платат вкупно 215 милиони американски долари.

Израелската компанија Тева ќе плати 20 милиони долари во готовина, покрај 25 милиони долари преку лекот Субоксон што се користи како замена на опиоиди, изјави Хантер Школник, адвокат на двата окрузи во Охајо во овој спор.

Според Школник, Тева, најголемиот производител на генерички лекови во светот, ќе го плати надоместокот во рок од 18 месеци.

Округот Кујахога и Самит ги обвинија компаниите за зголемување на бројот на зависници од опиоиди.

Околу 400.000 Американци починале од предозирање поврзано со опиоиди помеѓу 1997 и 2017 година, се наведува во податоците на владата.

Во петокот разговори за вонсудски  договор за сите Соединети држави, кои доколку успеат ,четири компании ќе платат 48 милијарди долари обештетување.

Поднесени се вкупно 2.600 судски спорови во САД против фармацевтските компании за нивната улога во развојот на зависност од опиоиди.

Застрелан ученик во пукотница во средно училиште во Калифорнија (ВИДЕО)

Најмалку еден ученик е повреден во пукотницата во средносто училиште во градот Санта Роса на северот на Калифорнија.

Во тек е потрага по вооружениот напаѓач, а очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот испукал три до четири куршуми од пиштол пред средното училиште Ридвеј и избегал, изјави полицискиот службеник Самер Глокнер.

Еден тинејџер беше застрелан непосредно пред средното училиште Ридвеј во Санта Роса, во вторникот наутро, по што беа затворени  повеќе училишта додека властите го бараа напаѓачот, соопшти полицијата.

17-годишната жртва се појавила во локалната болница по пукањето, што се случило нешто пред 9 часот наутро на раскрсницата на авенијата Ридвеј и улицата Морган, изјави капетанот на полицијата Санта Роза, Џон Креган. Жртвата се здобила со прострелна рана во абдоменот и е во стабилна состојба.

Осомничениот стрелец е приведен во училишниот кампус Ридвеј, изјави Креган. Властите го пребаруваат кампусот за да го најдат пиштолот со кој пукал.

Полицијата соопшти дека пукањето било изолирано и никогаш не се сметало за активна ситуација со стрелање.

притисни ентер