Како да им се влезе во трага на фирмите отворени со фалс документи?

Неодамнешната акција во Љуботен откри фрапантни информации – странски државјани со фалсификувани лични документи наменски отворале фирми преку кои вршеле шверц на тутун.

Сознанијата ги сподели директорот на финансиската полција Арафат Муереми, во телевизиско гостување истиот ден кога се случи и акцијата.

-Тие правни субјекти се основани од физички лица кои не се наши државјани, туку се со фалсификувани документи, каде личната карта е со едно име, а фотографијата од друго лице и не можеме да го идентификуваме вистинскиот правен субјект, оној кој увезува. Утврдивме дека други лица се тие кои стојат зад тие фирми. – изјава Муареми.

Овој случај отвори многу прашања околу тоа кој се и на каков начин може да се регистрира фирма во Македонија и уште колку вакви компании постојат..

Од Централниот регистар конкретен податок немаат. Директорката Марија Бошковска Јанковски за Канал 5 вели дека, тие, при процедурата на регистрација ниту можат ниту имаат обврска да утврдат дали станува збор за фалсификувани документи на основачите на фирмите. Вистинитоста на идентитетот, вели, треба да ја утврдат овластените регистратори.

-Како ние би можеле да знаеме дали се лажни документи или не ?! Значи лицето коешто овластено по закон, ги гледа документите и тие се пренесуваат преку електорнскиот систем за е-регистрација, електронски се поднесуваат.

При тоа електронско поднесување на пријава за упис, ние ги гледаме сите документи, ја гледаме и важечката лична карта или пасош.

-Тоа е исто како во банка да појдете со лична карта, шалтерскиот службеник ја гледа личната карта дали таа е валидна или не, не може да провери. Исто и ние кај нас, – вели Бошковска Јанковски.

Фирма во земјава се регистира електорнски. Од Централниот регистар објаснуваат дека кога едно лице сака да основа фирма, овластува регистрационен агент: адвокат или сметководител кој во негово име елкторнски ги доставува сите потребни документи. Откако од регистарот ќе проверат дека сите документи се доставени, лицето потоа за само неколку часа има активна фирма.

Со случаите на лажни идентити на основачите на компаниите запозната е и полицијата, но од таму засега нема датали што се презема. Познавачите се сомневаат дека е можно лажните документи воопшто да не се издадени од МВР, туку да се фалсификувани од криминалното подземје.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер