Заев за наредната недела најавува лидерска средба

Нема договор за лидерска средба, но премиерот Заев очекува за скоро да седне на заедничка маса со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, но и со останатите политички лидери. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

притисни ентер