Пуштена во употреба канализација и пречистителна станица во Трубарево

Населеното место Трубарево во Општина Гази Баба доби функционална канализација и пречистителна станица, со што е решен најголемиот проблем со кој се соочуваа жителите на ова место во изминатите 17 години.

На пуштањето на објектите во употреба се обрати градоначланикот на Општината Борис Георгиевски кој нагласи дека со тоа се исполнети ветувањата што ги дал дека ова населено место ќе добие функционална фекална канализација и пречистителна станица и тоа го исполнив.

-Иако проектот беше ветен уште во 2002 година но не исполнет, а жителите беа оставени на милост и немилост. Изградената фекална канализација не беше функционална, ниту некој се грижеше за неа. Конечно, ставивме крај на најголемиот проблем со кој се соочуваа граѓаните цели 17 години. Септичките јами ќе бидат минато, а со тоа ќе добијат достојни услови за живот, рече градоначалникот Георгиевски.

Тој им се заблагодари на жителите на Трубарево за трпението додека се градело и нагласи дека сите улици што беа ископани за да се постави мрежата, се повторно асфалтирани и вратени во целосна функција освен уште две до три улици на кои се работеше во изминатите месеци, а кои ќе бидат асфалтирани.

Системот е со вкупна должина од седум километри од кои примарни и секундарни линии се изведени во должина од пет километри и ќе овозможи голем број корисници да почнат да ја користат фекалната мрежа, а домаќинствата што не се дел од мрежата, да бидат приклучени.

Комплетниот проект за изградба на фекалниот колектор е реализиран со околу 35 милиони денари, средства на општината. Дополнително се предвидени и нови шест милиони денари за во наредниот период да се приклучат уште две маала во ова населено место кои не се приклучени на колекторскиот систем и тоа бесплатно од страна на општината до нивниот двор, наведе градоначалникот Георгиевски.

Силен земјотрес ја погоди Индонезија , постои опасност од свлечишта

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).

Земјотресот се случи на длабочина од 49 километри, објави Ројтерс.Епицентарот на земјотресот е на 141 километар западно од градот Абепур.

Центарот за земјотреси и цунами во Индонезија соопшти дека земјотресот не може да предизвика цунами затоа што се случил на копно, но ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат ридовите заради евентуални лизгање на земјиштето.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

Во Индонезија, каде што живеат 260 милиони луѓе, земјотреси, вулкански ерупции и цунами се вообичаени затоа што се наоѓа на „огнениот прстен“ во Пацификот.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе изградиме ветерен парк во Миравци

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Еден од клучните приоритети на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде животната средина и чистиот воздух.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции како и од компаниите кои се загадувачи.

Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје.

ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата. за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачана до потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

По 12-ти април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Италија од коронавирус е заразено и 4- годишно девојче, вирусот се рашири и во Бразил и во Алжир

Во Кина, вчера имало 406 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус, помалку од претходниот ден, кога бројот се зголемил за 508, додека во Јужна Кореја бројот значително се зголемил.

Во Италија има 11 починати и 325 потврдени случаи на инфекцијата.

Сега вкупниот број заразени лица се зголеми на 78.064, а на  смртните случаи на 2.715.

 Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија вчера ги објавија првите случаи на коронавирус, заразата се појави и  во Алжир и Бразил , најверојатно пренесени од Италија.

Првиот случај на коронавирус во Алжир е откриен кај Италијанец , кој пристигнал во земјата на 17 февруари и сега е во изолација. Според алжирскиот министер за здравство, на здравствените власти им било наредено да ги преземат сите мерки на претпазливост, пренесе Ројтерс.

Три нови случаи на инфекција со коронавирус, исто така, се потврдени во Тајланд, со што вкупниот број заразени во земјата изнесува 40.

Тројцата новозаразени се државјани на Тајланд и сите се членови на исто семејство. Двајца од нив, 65-годишен маж и неговата сопруга се вратиле од јапонскиот остров Хокаидо. Третиот пациент е нивниот внук кој не бил во Јапонија.

Тајван го потврди 32-от случај на коронавирус, објави Министерството за здравство. Пациентот е на 30 години и е странски државјанин.

 Како што известува Кориере дела Сера утрово во Италија, од коронавирус е заразено првото дете. Станува збор за 4 годишно девојче од Кастиглионе Ада, место што се наоѓа во црвената зона. Вирусот се чини дека девојчето го добило во болницата во Кодоњо каде што  првиот познат заразен во Италија бил хоспитализиран. Девојчето има благи симптоми на грип.

Во Италија не е идентификуван нултиот пациент, но се знае кој е прв. Станува збор за 38-годишен маж , познат само по името Матија.

Тој бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега во Кодоњо, поради проблеми со респираторниот систем, но сега е во болницата „Сан Матео“, на 35 километри јужно од Милано, изјави портпаролот на италијанската цивилна заштита за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека бремената сопруга на мажот исто така била позитивна и е хоспитализирана, но нејзината состојба не била загрижувачка.

Училиштата и градинките во германската област Хајнсберг остануваат затворени. Маж од областа е во критична состојба поради инфекција со коронавирус и е на интензивна нега.

"Сопругата на пациентот исто така има симптоми на вирусно заболување. Таа во моментов е стабилна. Чекаме резултати од тестирање за да дознаеме дали е заразена со коронавирус", соопшти Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија.

притисни ентер