Средба на министерот Димитров со новиот фински амбасадор Кимо Лахдевирта

Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Финска за Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта, посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата и изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на неговиот мандат.

– Министерот Димитров го поздрави почетокот на финското претседавање со Советот на ЕУ и се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Финска за нашите евроинтегративни аспирации. Во таа насока го информираше соговорникот за демократскиот пресврт на Северна Македонија, подвлекувајќи дека нашиот успех, јасно отсликан во Извештајот на Комисијата, треба да биде потврден и зацврстен со позитивна одлука во октомври, информира МНР.

Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ.

– Тој ја повтори поддршката на финската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро заслужен напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја, наведува МНР во соопштението./МИА

притисни ентер