Апел за поголема совесност до оние кои престојуваат на Стража и фрлаат отпад

Општина Маврово и Ростуше и Јавното комунално претпријатие „Маврово" упатија апел до сите оние кои престојуваат на превојот Стража да бидат повнимателни за тоа каде ќе го фрлаат отпадот што го прават.

– Апелираме до сите случајни минувачи, туристи и граѓани на нашата општина да внимаваат каде го исфрлаат отпадот од нивните автомобили со цел да се заштити животната средина, а и ние како Јавно комунално претпријатие задолжено за собирање на сметот, да не бидеме први на удар во јавните медиуми, стои во апелот.

Оваа реакција следува, како што се наведува, откако биле цел на неколку портали за тоа како имало смет на Стража и како претпријатието ништо не сме превземало за тоа.

– Сите што не следат на нашата фејсбук страница знаат дека неколкупати оваа година организиравме акции со кои целосно се исчисти сметот од населба Маврови Анови до Стража. Исто така и денеска нашите вработени излегоа да го исчистат тоа што несовесните граѓани секојдневно го исфрлаат на сите излетнички места, се наведува понатаму.

Ние,се посочува, како едно од помалите комунални претпријатија во најголемата општина по територија во нашата држава, некако успеваме да се справиме со чистење на сметот насекаде, но за почиста животна средина потребна е поголема совесност и од граѓаните./МИА

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

Осмо издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце" во Трпејца

Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов" од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце". 

Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце" организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица" по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов" ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни./МИА

Ансамблот „Дорико“ со Омаж на Георг Фридрих Хендл на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди Омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли -мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали, напишаа од Охрдско лето.

притисни ентер