Заев: Објавивме се што знаевме за случајот со Мартин Нешковски

 Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.

Секогаш кога има пакет на разговори или „бомби", подвлече, кажуваме само дел од разговорот, а постојат уште разговори поврзани околу одреден момент.

– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, одговори премиерот Зоран Заев./МИА

Судијката Димишкова на распит кај Русковска за „Рекет“

Обвинителката Вилма Рускоска денеска ја продолжи истрагата за случајот Рекет, во Обвинителството повикана беше судијката Весна Димишкова, која беше споменувана во објавените аудио снимки од разговорите на Орце Камчев и Бојан Јовановски.

Неколкучасовното сослушување за случајот „Рекет“ на судијката од Кривичниот суд, Весна Димишкова, во Обвинителството за организиран криминал, заврши без да се дознаат голем број информации.

Ниту Димишкова, ниту Обвинителството предводено од Вилма Русковска не соопштија детали, па оттаму засега не е познато во кое својство судијката била повикана на распит и каква е нејзината поврзаност со аферата „Рекет“, односно нема одговор дали е сведок или пак осомничена. Таа утринава кај Русковска пристигнала околу 10 часот и иако распитот траел три часа, ниту една новинарска екипа, не успеа да ја регистрира како ја напушта зградата на Обвинителството до крајот на работното време, од каде пак не потврдуваат дали се шири истрагата за „Рекет“.

Инаку, името на Димишкова, можеше да се чуе во дел од разговорите меѓу првоосомничениот во делото Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев, кои ги објави италијанскиот медиум „Ла Верита“. Во случајот, според објавите во медиуми кои се повикуваат на записници од истрагата, улога имал братот на судијката, адвокатот Васил Димишков.

Интересно е што пред да пристигне во канцелариите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, токму Димишкова, како судија во претходна постапка од Основниот суд, ја потпишала одлуката да се одбие барањето на двајцата обвинети во случајот „Империја“, Орце Камчев и Цветан Панделевски, за издавање времен пасош.

Судијката, како што соопштија од Кривичен, при одлучувањето го ценела мислењето на обвинителот во „Империја“, односно Лиле Стефанова, која препорачала да се одбие барањето на Камчев. Стефанова остана надлежна за случајот и покрај тоа што оваa истрага, која ја започна во СЈО, премина во рацете на Обвинителството за организиран криминал.

Без струја утре дел од општините Чучер Сандево и Бутел

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Чучер Сандево и Бутел.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од селата Побожје и Бродец, како и селата Брест, Танушевци и Малино, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин".

Како што соопштува Центарот за управување со кризи, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Дали од домашен притвор Катица Јанева може да влијае во случајот „Рекет“?

Дали со излегувањето од притвор Катица Јанева може да ја загрози истрагата и да влијае во случајот „Рекет“?.Таа има забрана за контакт со останатите обвинети во случајот, но во домот на нејзиниот син може да без никакви пречки да прима останати гости.

Дали од домашен притвор екс специјалната обвинителка Катица Јанева може да влијае врз случајот Рекет? Откако Русковска ја заврши истрагата и поднесе обвинение како основ за притвор на Јанева остана само опасноста од бегство, но Апелација смета дека за тоа не е неопходно да биде во истражниот затвор во Шутка.

Експертите велат дека во оваа фаза од постапката и  во услови кога Јанева веќе не е обвинител и не може да го повтори делото одлуката на Апелација не е за изненадување.

Влијанието може да биде извршено на милион начини. Но бидејќи истрагата е завршена, а притворот и беше определен поради можноста од влијание врз истрагата, сметам дека со изречената мерка може да се неутрализира влијанието врз сведоци и лица инволвирани во случајот.

Судењето за Рекет почнува на 3 декември, а според одлуката на судот Јанева во домашен притвор ќе биде до 19ти декември кога повторно ќе треба да се одлучи дали ќе опстои истата мерка на претпазливост или ќе биде заменета со друга.

Домашниот притвор е честа алтерантивна мерка за затворскиот.. за тоа време, полицијата има обврска неколку пати во денот да прави проверки дали обвинетитот е дома.. Мерките вообичаено се почитуваат, но има и слуачаи кога обвинетите се даваат во бегство.. последен таков случај беше минатата недела, кога полицијата при рутиснка контрола утврди дека избегал Драганчо Стоимнеов, викан Дацо Белски... Претходно опд домашен притвор избега и Никола Војминовски, еден од осудените за обид за убиство на Зијадин Села.

притисни ентер