Дали братот на Сашо Орданоски, Ванчо злоупотребил пари од Фондот за иновации?

На повидок ли е скандал со плагијат на индустриска сопственост?

 Прашањето се отвори откако индиската компанија Оизом си го препозна уредот за мерење на загаденост на воздухот кај фирмата Инфопројект, која е во сопственост на Ванчо Орданоски – брат на новинарот Сашо Орданоски, со кој доби над 240 илјади евра од државата.

Од индиски Оизом за Канал 5 тврдат дека се работи за речиси идентичен уред па дури и дека на веб страницата на проектот под име Екомонитор на Орданоски првично стоела фотографија од уредот, идентична со онаа на индиската веб страница но со избришано лого.

Имаме имаил која покажува дека претходно ја користеле нашата слика на нашиот продукт, нашиот уред за мерње на воздухот кој е наша прва верзија кој е наша иновација од 2016та. Значи тие го искористиле тоа име и го елиминирале името Оизом .

Орданоски демантира дека се работи за плагијат. Уредот вели е комплетен домашен изумум  регистриран во Заводот за заштита на индустриска сопственост. Фотографиите од веб страницата вели биле објавени пред две години но по реакциите во јавност отстранети, но на нив тврди дека било појаснето дека се работи за илустрација.

Дали се прекршени правата на интелектуална сопственост ќе проверува и Фондот за иновации и технолошки развој. Директорот на фондот Јован Деспотовски вели дека веќе побарале информации и од домашната фирма но и од индиската, и доколку утврдат незаконитости ќе го стопираат проектот.

Договорот со компанијата е потпишан во февруари годинава и треба да заврши за две години. Инфопројект на Орданоски за проектот Екомонитор учествува со финансирање од околу 100 илјади евра а Фондот ги дава останатите 240 илјади евра, а досега се исплатени околу 8 отсто од сумата.

Со проектот треба да се постават 1200 уреди низ целата земја кои од фирмата велат дека ќе го мерат загадувањето, кои се загадувачите, УВ зрачењето, радијација и рана дојава на шумски пожари.

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

Осмо издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце" во Трпејца

Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов" од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце". 

Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце" организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица" по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов" ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни./МИА

Ансамблот „Дорико“ со Омаж на Георг Фридрих Хендл на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди Омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли -мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали, напишаа од Охрдско лето.

притисни ентер