Турција и Чешка го ратификуваа пристапниот протокол за НАТО

Со ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО од страна на Чешката Република и Турција остануваат уште осум земји кои во нивните парламенти треба да дадат зелено светло за членството на Македонија во алијансата.

Ратификацијата на протоколот во турското народно собрание на твитер ја потврди и шефот на турската делегација во парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Пред неколку дена во Сараево во рамки на Самитот на процесот за соработка во југоистопчна Европа каде се сретнаа Ердоган и претседателот Пендаровски, турскиот претседател и во оваа прилика потсетил дека Македонија ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО.

Убедени сме дека пристапувањето на северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата алијанса, истакнал чешкиот вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата во парламентот.

Чешка е 21 држава која вчера го ратификуваше протоколот. Според најавите се очекува на почетокот од есенва тоа да го сторат и САД. Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, се очекува земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата

Запленет глисерот на Зоран Ќичеец

Глисерот на второ осомничениот во случајот “Рекет” -  Зоки Кичеец доцна синоќа бил запленет од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Заплената е во рамки на истрагата која обвинителството ја отвори минатата недела против Боки 13 и Зоран Милески познат како Кичеец, кои се осомничени за рекет врз бизнисмени. Иако во јавноста се ширеа информации за заплена и на други предмети како џипови, мотори и скутери на вода, од обвинителството велат дека до овој момент запленет е само глисерот.

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет". Глисерот е запленет синоќа.

Велат од Обвинителството. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска прашуваат кој се крие зад идентитетот на “Кики” и “Фрики”. Од таму велат и дека се уште го анализираат предлог-законот  за спојување на СЈО во редовното обвинителство, и остануваат на ставот дека се противат на предлогот Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.

За тоа кој се крие зад идентитетот на фамозните “Кики” и “Фрики”, новинарот Бранко Геровски кој изминатиот период пишуваше за случајот рекет, најави дека ќе ги открие во текот на утрешниот ден.

Рекордно високи температури во САД

Екстремно топлото време предизвикува и проблеми во Соединетите Американски Државни.

Најмалку шест лица го загубиле својот живот поради рекордно високите температури во САД. Според властите, жртвите се од сојузните држави Мериленд, Аризона и Арканзас.

Националната метеоролошка служба предупреди од „опасен топлотен бран“, кој во комбинација со зголемена влажност во земјата може да доведе до топлотен удар, доколку не се преземат соодветни мерки. Голем број настани во САД, од фестивали и концерти до спортски средби, се одложени поради невообичаените високи температури. Медиумот потсетува дека за време на топлотниот бран во јули 1995 година загинаа повеќе од 700 луѓе во Чикаго, каде температурите надминуваа 36 степени Целзиусови.

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

притисни ентер