Наместо со пофалби,инспекторот Илиевски се соочува со дисциплинска постапка

Инспекторот Ѓорѓи Илиевски кој ги откри унапредувањата на министрите на Тетовскиот Универзитет, доби дисциплинска постапка на барање на неговите претпоставени од инспекторатот. 

Според Илиевски, на овој начин се прикриваат незаконски стекнати звања и преку институциите се обидуваат него да го замолчат.

-За да излезам во јавност треба да го прашам директорот. Во конкретнава ситуација, директорот ми забранува да излезат во јавност сите овие неправилности. Ако јас тоа го сокријам, правам криминално дело и сум соучесник во криминал, а јас тоа не сакам да бидам,изјави – Ѓорѓи Илиевски -  просветен инспектор.

Барањето за дисциплинска одговорност е потпишано од директорот на државниот просветен инспекторат Томе Спировски, кој што за Канал 5 тврди дека обвинувањата од неговиот колега Илиевски се неосновани. Директорот Спировски вели дека покренатата дисциплинска е поради изнесување на детали од предмети кои не се завршени и за кои нема се уште утврдено вина, а со тоа Илиевски преудицира незаконитости.

Илиевски пак тврди дека имал и притисоци и закани од функционерите бидејќи јавно говорел за деталите кои ги затекнал при надзорот во Универзитетот. Ги повика Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права да присуствуваат кога дисциплинската комисија ќе расправа за неговиот случај.

За унапредувањата на министерот  за образование Арбр Адеми во доцент и заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули во вонредни професори, Антикорупциска комисија отвори предмет - но оттаму велат дека постапката е се уште во тек.

Видео: Стампедо на концерт во Алжир, пет мртви

Најмалку пет особи загинале вчеравечер  во стампедо на концерт во Алжир, пренесува „Ројтерс“ .

Неколку илјади луѓе присуствувале на концертот на локалната рап ѕвезда Абдерауф Дераџија познат како „Сулкинг“ на стадионот во Алжир.

За сега не се познати деталите околу овој инцидент.

„Титаник" одложен за 4 септември

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник" е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова.

Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник" до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.

Обвинителката Стефанова, во однос на предлогот на одбраната, рече дека како СЈО сметаат дека овластувањата на Јанева се уште се важечки иако е неспорен фактот дека таа е во притвор за случајот „Рекет".

– Го замислувам судот да ја одложи денешната расправа и на следната закажана ќе се произнесеме по наведените барања, изјави Стефанова.

Пред почетокот на рочиштето, адвокатот Димитар Дангов побара прекин на главната расправа поради, како што рече, одредениот притвор на Јанева за предметот „Рекет".

– Според Законот за СЈО, Катица Јанева преку својството кое го има е единствено надлежна да го застапува секој, па и овој предмет. Од наведените причини мора да кажам дека обвинителката Лиле Стефанова нема право да го застапува овој предмет. Конечно Стефанова не може да има повеќе право на застапување од правото што Јанева го нема во овој момент. Предлагам главната расправа да се прекине, изјави Дангов.

Обвинетиот Илија Димовски, пак, на судот му посочи дека согласно случувањата, може да се смета дека постапката за разгледување на работата на СЈО е започната.

– Предлагам судот да донесе решение до завршување на постапката на Советот на јавни обвинители и Собранието, и доколку одлуките бидат негативни по Катица Јанева, судот да ја прекине расправата, изјави Димовски.

Предлагам, посочи Димовски, овој предмет во интерес на сите во постапката да ја почека разврската.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова од СЈО.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.700 од вкупно 5.900 материјални докази предложени од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник" обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања./МИА

Бектеши испрати писмо до Шаља

Тој очекува деновиве повлекување на забраната за извоз

Министерот за економија, Крешник Бектеши во писмо до неговиот косовски колега, Ендрит Шаља наведе дека очекува во текот на овие работни денови Косово да ја повлече Одлуката за забрана за извоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа соседна држава, а поради недостаток на мониторинг на нивната состојба.

Во писмото, што го објави на неговиот Фејсбук профил, Бектеши укажува дека  Македонија, може да дозволи увоз на рибен подмладок и икра, доколку косовските власти ги дадат сите потребни гаранции и доколку работните групи потврдат дека се воведени програми за активен и пасивен надзор на водните култури и дека се спроведени како што треба.

– По забраната што Македонија ја наметна на сите земји, вклучително и  Косово, кои немаат мониторинг заради извоз на животни од аквакултура, како мерка предвидена од меѓународно воспоставените принципи за спречување ширење на болести на аквакултура, Агенцијата за ветеринарство и храна на Република Косово треба да обезбеди докази за нивно воспоставување. Воедно да спроведе соодветна програна за активен и пасивен надзор врз аквакултурата, како и дека тие вршат лабораториска анализа за бараните заболувања кај животните од аквакултура, наведува Бектеши во писмото,  осврнувајќи се на состојбите и договорот по состанокот од пред три дена во Приштина.

Во случај ако надлежните органи на Република Косово ги обезбедат сите потребни гаранции, а наодите на работната група потврдуваат дека се воспоставени програми за активен и пасивен надзор на аквакултурата и соодветно се спроевдуваат, стои во писмото, АХВ на  Македонија може да дозволи извоз од односното претпријатие за аквакултура, кое има право да извезува животни од аквакултура во Македонија.

– Врз основа на овој договор, очекуваме во текот на овие работни денови  да ја повлечете Одлуката за забрана за извоз на компир и мед. Останувам на расчолагање за какви било дополнителни информации што може да бидат корисни во насока на олеснување на трговските односи помеѓу двете држави, наведува Бектеши.

На средбата во Приштина во вторникот Бектеши најави дека повторно ќе се овозможи увоз на икра и материјал за порибување од Косово тогаш кога ќе се достави целосната документација од Косово.

Според Бектеши, Косово ги прифатило аргументите на државава и кога ќе се утврди дека косовските институции работат согласно со програмата за мониторинг, забраните ќе бидат повлечени.

Како што објасни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, потребно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи.

– Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во  Македонија. Тоа е меѓународно воспоставен принцип со кој што се гарантира дека земјата ги нема болестите и тоа е начинот како ние да се заштитиме да не внесеме болести на нашата територија,  рече Атанасов.

Официјалните податоци покажуваат дека извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199 долари, додека во првите пет месеци од годинава е во вредност од 212.227 долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири./МИА

притисни ентер