Кејт Мери Брнс е новиот американски амбасадор во земјава

Таму каде што застана Џес Бејли, продолжува Кејт Мери Брнс. Новата американска амбасадорка во земјава ги предаде акредитивите на претседателот Пендаровски. 

Се обврза дека ќе промовира стабилност преку силни институции и ќе ги поддржува напорите во борбата против корупцијата.  Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно за просперитетна Северна Македонија, рече Брнс на церемонијата во вила Водно, потенцирајќи дека се радува што ќе може да научи за различностите, динамичната култура и историјата на земјава.

-Со нетрпение очекувам до крајот на годината да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко. Повеќе од 25 години работиме заедно и постигнавме многу во унапредување на нашите заеднички цели – да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности, демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото, изјави Кејт Мери Брнс, амбасадорка на САД.

–Имајќи го предвид Вашето досегашно дипломатско искуство, уверен сум дека значително ќе придонесете за уште подинамичен развој на нашите меѓусебни односи во што, ве уверувам, ќе ја уживате нашата целосна поддршка, помош и соработка. Ви посакувам добро здравје и пријатен престој, изјави Стево Пендаровски, претседател.

Брнс претходно имеше средба со шефот на дипломатијата Димитров, на која, истакна дека земјава направила извонреден напредок и дека е важно се искористи тој моментум за отворање нови можности и перспективи. Таа е дипломат веќе 26 години. Во Македонија доаѓа од позицијата заменик шеф на   мисијата на САД во Атина, а претходно беше постојан претставник на мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Извесен период работи и во амбасадата во Мадрид, а била ангажирана и во дипломатски мисии во Авганистан и во Брисел. Зборува три странски јазици – шпански, унгарски и турски.

На патот Ресен – Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат.

 На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат" информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб.

Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.

Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски да одговори има ли тајни средби и со кого?

Тајкнуните за кои се водат серија на предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски. 

Лицата што се снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

 Медиумот каде што излегуваат снимките имаат линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

 Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот Рекет, споменатиот Зоран Кичеец.

 Затоа, наместо да се крие зад лажни вести Мицковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори со кого се гледал и зошто:

·         Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто?

·         Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал?

·         Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?

 Јавноста очекува одговори.

 ВМРО-ДПМНЕ не ја промени својата режимска матрица. Останува посветена единствено на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер