Намален бројот на туристи во мај

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98 998 туристи кои оствариле 205 356 ноќевања, покажуваат податоците на Држваниот авод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата за 2.8 %.

Бројот на домашните туристи е намален за 4.1 %, а на странските за 5.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 2.6 %, додека кај странските има намалување за 1.0 %.

Бројот на ноќевањата е намален за 0.3 %, и тоа: кај домашните туристи за 0.4 %, а кај странските за 0.2 %.

Отворен предмет за објавените аудио снимки на социјалните мрежи

Јавното обвинителство отвори предмет за објавените аудио снимки на социјалните мрежи, потврдува за Канал 5 државниот обвинител Љубомир Јовески.

Ќе се испитува кој ги објавил снимките, идентитетот на лицата што разговараат и содржината на разговорите. Јовески вели дека преку доказите ќе се утврди дали лицата ќе бидат повикани за исказ во обвинителството и дали има елементи на кривично дело. Инаку се работи за седум кратки снимки во кои се слуша глас кој наликува на гласот на познат бизнисмен, сведокот во случајот „Рекет“. На аудио материјалните се слуша како тој бара контакт со братот на премиерот, Вице Заев и вели дека ако не се заврши работата, “ќе крварат сите”.

Британскиот премиер стриже овци, вози формула, продава колачи, игра фудбал...

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека ќе се бори за секој глас до парламентарните избори во четврток.

Неговата Конзервативна партија, според последните анкети, води пред лабористите, а за тоа така да остане се потруди и самиот Џонсон, кој правеше различни работи за да им се допадне на граѓаните.

Џонсон последните денови ги посети, рибарите, слаткарите, трговците, играше фудбал, возеше формула, стрижеше овци.

СДСМ: Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра

Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

Спротивно на членот 71 од Изборниот законик каде што јасно стои дека  сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.

Сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера. 

Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.

Мицкоски денеска призна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра. 

Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ? 

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Со секој нов ден на виделина испливуваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните. 

Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи по директивите на Груевски, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозициската партија предводена од Мицкоски е заглавена во деструктивната матрица на лажни вести и незаконско работење и затоа на 12 април граѓаните уште еднаш ќе ги поразат нивните погубни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер