„Црвена јабука" в недела на „Summerland" во Градски парк

Во рамки на фестивалот „Summerland" во Градски парк, викендов ќе бидат одржани неколку настани и музички перформанси. 

Вечер, од 19:30 со „Готвиме со Бранко", ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21:00, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота, пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк", возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука".

Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука", да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.

Роботски полицаец згреши-среде тепачка ги опоменува сведоците да го одржуваат паркот чист (ВИДЕО)

Роботскиот полицаец ,вработен во гратчето Хангтингтон Парк во Калифорнија не се покажа на својата прва сериозна задача.

Соочен со тепачка во паркот и сведоците кои се обидуваа преку него да повикаат полицајци на помош, HP RoboCop им порача да не му пречат , а потоа продолжи да се движи , пеејќи си песничка.

Роботот HP RoboCop, произведен од Knightscape, има за цел да биде последен збор за технологија во автоматизирање на рутинската полициска работа. Неговата работа е да патролира во Солт Лејк Парк, да ја снима околината со камера од  360 степени околу роботот, да снима таблички на  автомобилите и да ги пријави итните случаи во полиција по потреба. Исто така, има копче за итни случаи, кое посетителите на паркот можат да го притиснат ако им е потребна помош.

Тоа копче на почетокот од овој месец го притисна Кого Гуебар кога виде тепачка недалеку од роботот во паркот.

Таа се страча кон RoboCop, го притисна копчето и очекуваше полициска помош, но роботот и рекол „тргнете се од патот“.

Гуебара мислела дека роботот можеби ќе може да го види нејзиното лице, па таа се наведна пред неговата камера додека го притискаше копчето, но тој постојано и велеше да се оддалечи. Друг сведок повикан полиција преку мобилен телефон, и додека брзата помош ја возела жртвата на нападот на носилки, роботот потпевнувал песна што звучела како да е од нискобуџетен научно-фантастичен филм, молејќи ги посетителите да го „одржуваат паркот чист“.

Се појавија првите скици од новата Шкода Октавија

Се наближува премиерата на сосема новата Октавија , која покрај Голфот на VW е најочекуваното ново возило за крајот на сезоната.

Првите скици на Шкода барем малку ќе ја задоволат љубопитноста. Според скиците автомобилот делува како слаба верзија на Артеон, со лежерна силуета на покривот, огромни тркала и многу остри линии.

И судејќи според прототипите, не треба да се очекува нешто повеќе од еволуцијата во насока на смален Суперб со отфрлена идеја за двојни предни светла. Исто така, како што пристигна Скала, новата Октавија може да стане уште потешка за пристап. Сместена на платформата MQB, лесно би го достигнало нивото на кое неодамна стоеше Passat.

На 11 ноември ќе можеме да ја видиме новата Октавија. Кога станува збор за моторите, заедно со стандардните бензински и дизел мотори, треба да се смета и на хибридни опции.

Холивудска двојка објави прва фотографија со својата новородена ќерка

Рајан Рејнолдс на Твитер ја објави првата фотографија со новороденчето. 

Актертот така го прекина медиумскиот молк, откако и тој и неговата сопруга , актерката Блејк Лајвли не споделија ниту информација за полот на бебето. Тие позираат со бебето во шума во Британска Колумбија , а неговата објава е посветена на климатските промени.

"Ја сакам Британска Колумбија. Би сакал моите ќерки да растат на исто игралиште во природата како и јас. Кандидатот што ќе го одберете сега ќе води политика за климатските промени следните четири години. Горд сум на изминатите четири", напиша актерот, откривајќи дека Блејк родила ќерка пред два месеци.

Блејк и Рајан се родители на уште две постари ќерки, Џејмс и Инез.

притисни ентер