Светска музичка ѕвезда обвинета за педофилија

Американскиот пејач Ар Кели е уапсен во Чикаго откако против него е подигнато обвинение според 13 точки.

Популарната „ R&B“ ѕвезда се сомничи за злосторство од сексуална природа, соопшти портпаролот на американскиот обвинител Џозеф Фицпатрик.

Според него една од точките во обвинението е и детска порнографија, поттикнување на малолетник на сексуален однос.

Адвокатот на музичката ѕвезда Стив Гринберг, за „Чикаго Сан тајмс“ потврдил дека неговиот клиент познатиот пејач е уапсен.

52 годишниот Кели по втор пат е уапсен годинава поради обвинение за сексуално злосторство.

Добитникот на Греми прв пат годинава беше уапсен во февруари според десет точки од обвинението за сексуално злосторство  во кое биле вклучени четири жени, од кои три биле малолетни, кога дошло наводно до злоставување.

Американскиот пејач тогаш се изјаснил како невин и пуштен е на слобода со кауција.

Британската полиција трага по добротвор кој остава пликови со пари на улица (ВИДЕО)

Британската полиција е во потера по мистериозен добротвор, кој остава коверти полни со пари на улиците во малиот град Блекхал Колери, на северот на земјата.

Непознато лице остава пари од 2014 година. На почетокот на оваа недела, бил пронајден плик со 2.000 фунти. Ова е четврти плик од почетокот на годината, дури 13-ти за последните пет години.

Како дел од истрагата, полицијата зеде и отпечатоци од банкнотите, но и покрај сите напори, тие не успеаја да го откријат идентитетот на сопственикот на парите. Детективот Џон Форстер рече дека случајот останува мистерија.

„Ние ја поздравуваме секоја информација што ќе помогне да се расветли овој случај. Сето тоа би можело да биде дело на филантроп“, рече тој, додавајќи дека граѓаните што ги нашле парите му се благодарни.

Парите ќе останат во полициската станица две недели, а доколку сопственикот до тогаш не се појави, ќе му бидат доставени на лицето кое ги нашло.

Здравко Чолиќ загрижен поради неговата преубава ќерка : Тоа ми е најтешко!

Пејачот Здравко Чолиќ ретко зборува за неговиот приватен живот, но овој пат направи исклучок и зборуваше за ќерките на Уни и Лара за српските медиуми.

„Горд сум на моите ќерки, како што е секој татко. Јас сум тука да ги поддржувам и да ги исполнам нивните желби. Одбраната против момчиња веќе започнува. Животот и една сосема нормална работа “, признава тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😈❣️

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

Неговата постара ќерка Уна неодамна наполни 18 години и покажа дека пораснала за да биде вистинска убавица, па не е ни чудо што гордиот татко се грижи како да ја одбрани од  потенцијалните додворувачи. Вели дека таквите мисли му се најтешки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🐬

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

Фото: Најмоќниот, најбрзиот а најекономичен Рав 4 во историјата

Тојота во Лос Анџелес ја претстави хибридната верзија од својот автомобил.

Рав 4 Прајм за 2021 доаѓа како унапредена верзија од стандардната варијанта, а претставува најмоќен, најефикасен и најбрз Рав 4 досега направен.

Хибридниот погон е базиран на Рав 4 Хибрид н о со посилен електромотор и поголем капацитет на батеријата.

Има и 2.5 литарски агрегат со 178 коњски сили, но во комбинацијата со електромоторот вкупно 306 коњски сили.

Рав 4 Прајм од 0 до 100км/ч забрзува за само 5,8 секунди а има автономија на електричен погон од преку 60 километри.

Во кабината се истакнуваат кожниот ентериер, предните седишта со грејачи и 8 инчниот мултимедијален систем.

притисни ентер