СДСМ: Странските гринфилд инвестиции зголемени за 200 отсто, вработени се 50.000 граѓани за две години, економскиот раст зема залет

По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец.

Напредокот во економијата е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којшто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни.

Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на Фајненшел тајмс, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд инвестиции во споредба со 2017 година.

За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор.

Овие официјални податоци се признание за економските реформи на Владата предводена од СДСМ преку кои економијата е стабилизирана и постојано расте.

За СДСМ, зборот важи!

 Како државотворна и одговорна партија која за единствен приоритет ги има граѓаните,остануваме целосно фокусирани на развој на економијата, отворање на нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на повисок животен стандард.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Во близина на брегот на Либија спасени 74 мигранти

Хуманитарните групи соопштија дека спасиле 74 мигранти во близина на брегот на Либија.

Од друга страна пак властите на Тунис наведуваат дека запреле брод кој пловел кон Италија на кој имало 110 мигранти.

Миграните се спасени денеска на околу 80 километри од либискиот брег , меѓу нив имало и шест деца.  

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека на бродот кој патувал кон Италија имало 110 мигранти кои се вратени во Тунис и дека за време на операцијата од морето се спасени 25 мигранти од истата група.

Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања  која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Трамп воведува санкции за Турција поради воената интервенција во Сирија?!

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат остри санкции кон Турција поради воената операција во Сирија.

-Средбите со бројните членови на Конгресот околу наметнување на силни и остри санкции за Турција дадоа резултати. Имаме консензус околу ова. Ја замоливме Турција да не го прави тоа, напиша на Твитер претседателот Трамп.

Во меѓувреме шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД ќе повлечат околу илјада војници од Сирија.

Според неговите зборови станува збор за планирано и „свесно повлекување “на трупите.

притисни ентер