Во економското училиште во Велес ќе се врши реконструкција на стариот дрвен кров и замена на штетната азбестна покривка

 Во ССОУ „Јовче Тесличков" или попознато како „економска" во Велес  ќе се врши реконструкција на стариот дотраен дрвен кров, кој е во лоша состојба, како и замена на азбесна покривка, која е штетна по здравјето.

 

Проектот чини шест милиони и 505 илјади денари од кои  три милиони и 90 илјади се обезбедени од грант  преку Министерството за финансии поддржан од Меѓународната банка за обнова и развој, а втората половина од  три милиони 415 илјади ќе биде обезбедена од општинскиот буџет.

Од општина Велес информираат дека, со проектот, изработен од Друштвото за консалтинг Еуропартнер груп, ќе се реонструира целата кровна површина од 1184 метри квадратни заедно со оштетената дрвена кровна конструкција.

Тие посочуваат дека кровот е во лоша состојба, а кровната покривка е од азбесни табли, кои се штетни по човековото здравје и опасни по животната средина.

Инаку, за издвојување на средства од општинскиот буџет одлука, неделава на последната 37 седница  донесе Советот на Општина Велес, кој за оваа намена изврши измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Велес во областа на локалниот економски развој.

Со измената се обезбедија средства за учество на општина Велес во проектот за реконструкција на кровот на ова средно економско училиште во градот.

Инаку во зградата на ова училиште порано беше сместено ООУ „Трајко Андреев", кое престана да постои пред повеќе од десет години,а во него тогаш беше сместено средното економско училиште.

Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања  која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Трамп воведува санкции за Турција поради воената интервенција во Сирија?!

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат остри санкции кон Турција поради воената операција во Сирија.

-Средбите со бројните членови на Конгресот околу наметнување на силни и остри санкции за Турција дадоа резултати. Имаме консензус околу ова. Ја замоливме Турција да не го прави тоа, напиша на Твитер претседателот Трамп.

Во меѓувреме шефот на Пентагон Марк Еспер изјави дека САД ќе повлечат околу илјада војници од Сирија.

Според неговите зборови станува збор за планирано и „свесно повлекување “на трупите.

Министерскиот состанок почнува утре, за датумот ќе се одлучува во вторник

Пред малку, Европската Комисија ја објави и првичната агенда за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој почнува утре изутрина во Луксембург.

Препораките на европската комисија за отворање на преговори со Македонија и Албанија ќе се најдат на дневен ред во вторник, на вториот ден од министерскиот состанок.

Состанокот, според најавите, треба да започне во 11 часот и да заврши со заклучоци кои ќе им бидат предложени на лидерите. Доколку не се постигне консензус, одлуката ќе биде оставена за самитот закажан за в четврток и петок.

притисни ентер