Италијанската опозиција бара Салвини да се изјасни за руските пари

Италијански опозициски пратеници побараа од министерот за внатрешни работи Матео Салвини да излезе пред парламентот и да одговара во врска со наводите за таен план за продажба на руска нафта за финансирање на неговата проруска партија Лига.

Претходно, медиумите објавија дека поранешен соработник на Салвини го предложил овој план за да се соберат пари за Лигата.

Наводниот предлог бил даден во минатата година кога Лигата стана партнер во италијанската популистичка влада и пред европските парламентарни избори.

Салвини ги отфрла ваквите наводи.

Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота

Во прилепско-пелагонискиот регион за пет дена се пријавени околу 2 200 тони вишок тутун што треба дополнително да се преземе од договорените количини, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.

Интересот е голем и се очекуваат до крајниот рок, 5 февруари, да се пријават уште околу 1000 тони вишок.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, пријавувањето мора перманентно да се спроведува со одлуката да се работи во саботите за родот да се откупи до крајниот рок, 28 февруари.

– Има голем интерес на тутунарите да го пријават вишокот, недоговорен тутун за откуп. Пријавувањето е до 5 февруари, зашто процедурата бара барем 10-и9на дена да се спроведе и за тите тутунари да остварат субвенции. По состанокот во министерството за земјоделство, договорено е најголемите откупувачи, „Сокотаб" од Битола и „Алијанса" од кавадарци да презематпо околу 1000 тони тутун вишок, а другите откупувачи останатото. Тутунарите може да пријавуваат вишок и кај поверениците. Токму затоа, најбитно е, а и ќе предложиме до Сојузот на земјоделските здруженија и до откупувачите да се работи во наредните саботи, да се откупува тутун за да се стигне сиот род, договорен и вишок, да се преземе до законскиот рок, крајот на февруари. Сите може да остварат право на субвенции, објаснува Пачешкоски.

Тој вели и дека активно работи и второстепената комисија. Од досега оспорените преку 200 килограми, 70 отсто се решени во корист на тутунарите и им е обезбедна една класа повеќе од проценката.

На работењето во саботите за забрзување на динамиката на откупот инсистира и Сојзуот на земјоделските здруженија. претседателот на Сојузот Менде Стомнароски објаснува дека мало зголемувањ ена динамиката има, а цената на просечниот откуп е 166 денари.

– Тутунарите имаат право да оспоруваат процена ако се незадоволни. Зголемената динамика, со работењето во саботите, може да обезбеди откуп на сите количества, и договорени и вишокот на тутунот, изјави Стомнароски.

Од Прилепскиот тутунски комбинат се децидни дека од утре ќе почнат да ги преземаат 440-те тони тутун од кооперантите од „Далија табак" кои останаа неоткупени. Документацијата е завршена и комбинатот на петте пунктови во Источниот регион ќе ги преземе и ќе ги плати количествата, според договорот во Министерството за земјоделство./МИА

Ужасен пад на швајцарски скијач со брзина од 146,7 км./час на патеката во Кицбил (ВИДЕО)

Швајцарецот Урс Криенбул доживеа ужасна несреќа на денешното спуст возење по „патеката на смртта“ во Кицбил.

Криенбул немал поголеми проблеми до самиот крај на трката и падна на влезот во целта. Со брзина од 146,7 километри на час, се чини дека Швајцарецот погрешно го процени последниот скок на влезот на целта и ја загуби рамнотежата со полна брзина и падна наопаку на снегот.

Криенбул остана неподвижен на патеката додека Беут Феуз со неверување го гледаше својот сонародник. Трката беше запрена и Криенбул беше пренесен со хеликоптер во болница.

Според првичните информации, Криенбул не бил во можност да зборува, но наводно подоцна се освестил, ги препознал луѓето околу него и треба добро да закрепне.

Трката беше запрена по неговиот пад, а пред Криенбул во заштитната ограда заврши Американецот Рајан Кохран-Сигл, кој помина без сериозни последици.

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово

Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.

Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.

– При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови. Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението.

притисни ентер