Димитров изрази сочувство за настраданите во невремето на Халкидики

 Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.

Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, наведува шефот на дипломатијата.

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина, што се чувала на погрешна температура

Околу илјада луѓе во Шведска добиле доза на вакцината од Модерна што се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави денеска шведска компанија задолжена за доставување на вакцината.

Вкупно 2.100 дози на вакцината, околу 20 проценти од количината што Шведска ја добила досега од Модерна, се чувале на премногу ниска температура, а дозите што не се користени се издвојуваат додека не се утврди нивната ефикасност, објави Апотекет.

Сите кои примиле доза на вакцина од неисправна пратка се здравствени работници.

„Според првата проценка на шведскиот здравствен орган, нема индикации дека дозите транспортирани на прениска температура претставуваат ризик“, рече Apoteket.

Но, шведскиот здравствен орган и државната фармацевтска компанија вршат понатамошни истражувања, изјави портпаролот на Apoteket , Магнус Фриск. „Сè уште треба да откриеме дали веќе дадените дози на вакцините ќе делуваат“, додаде тој.

Фриск рече дека ја контактирале Модерна за дополнителни информации за ефективноста на дозите што се одржуваат на премногу ниска температура и дали оние што ги примиле треба да добијат нова доза на вакцината.

Од 17 јануари Шведска вакцинирала 146 000 лица, претежно со вакцината на Фајзер / БиоНТех.

Академик Беџети повика на поддршка за концепцијата за основно образование

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на Министерството за образование и наука (МОН).

Беџети, како што соопшти Министерство за образование и наука, повика на поддршка на оваа иницијатива.

-Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

-Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни, нагласи Беџети.

За академиците, како што рече, останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

– Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а Министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова, рече академик Беџети.

Видео: Целосно функционален компјутер во форма на патика

Дали некогаш сте посакале да имате компјутер во форма на патика?

Се разбира дека не сте, но доколку се прашувате како тоа би изгледало, сега знаете.

Компанијата „NZXT“, која произведува хардвер, и компанијата „RTKFT“, која произведува обувки за е-спортисти, со меѓусебна соработка дошле до персонален компјутер во облик на патика.

Со оглед на тоа дека овде станува збор за целосно функционален компјутер, патиките не можат да се облечат. Иако би било интересно да се види како некој ги носи на своите нозе, сепак станува збор само за визуелна имитација на вистинскиот производ.

притисни ентер