Во Неготино ќе се гради зграда со социјални станови

Станбена зграда за социјално ранливи категории граѓани ќе се гради во Неготино, на локација кај ул. „Едвард Кардељ".

Почетокот на градежните работи ќе биде означен денеска во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски.

Новиот објект е дел од проектот Ф/П 1674 (2009) за изградба на станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи, со кој е предвидена изградба на 32 објекти со вкупно 1.754 станови.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер