Турција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

 Народното собрание на Република Турција  го ратификуваше протоколот за членство на  Македонија во НАТО.

– Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин на Твитер.

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата.

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово

Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.

Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.

– При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови. Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението.

Царовска во Гостивар: Со квалитетно образование инвестираме во подобра иднина

Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Арбен Таравари и германската амбасадорка присуствуваа на потпишување меморандум за соработка помеѓу Институтот “Гете” и општинското основно училиште “Исмаил Кемали” во Гостивар.

Со потпишувањето на меморандумот училиштето ја зајакнува, соработката со мрежа од над 2.000 училишта во Германија и светот.

Министерката Царовска истакна дека учењето на странски јазици е богатство. Царовска во обраќањето рече дека МОН ги поддржува сите иницијативи кои се во интерес на унапредување на образованието, вклучувајќи ја и оваа соработка.

“Вложувањето во квалитетно образование значи вложување во нашата држава. Токму затоа се стремиме кон целосна наша интеграција кон ЕУ, којашто значи и интегрирање на европските стандарди во образованието”, рече Царовска.

Градоначалникот Таравари истакна дека посебно му е драго што се започнува една ваква соработка. Ова училиште е едно од шесте училишта во државата кои имаат воспоставено ваква соработка.

Германската амбасадорка Анке Холштајн рече дека училиштето Исмаил Кемали ќе стане дел од една огромна мрежа на училишта каде што се изучува германскиот јазик.

“Повеќејазичноста секогаш ги подобрува шансите на пазарот на трудот. Затоа и ги поддржуваме ваквите проекти”, рече амбасадорката Холштајн.

Министерство за образование и наука

Гир за МИА: Нема план Б, целта е пристапување на Македонија во ЕУ

Нема план Б, целта е пристапување на Македонија во Европската Унија. 

Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА.

– Овие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата да оди напред, подвлече Гир.

На прашањето на МИА дека очигледно за ЕУ е хендикеп вклучувањето на билатералните спорови во процесот на проширување, а особено е опасно историјата да стане предуслов за членство, Гир вели дека во овој случај важен е фокусот на две работи – Македонија и Бугарија да го решат спорот на билатерална основа и земјава да ги забрза реформите.

– Нема да одам во детали за тоа што е дискутирано. Важно е да се фокусираме на она што е важно во овој случај. Две работи се неопходни – првата е Република Македонија и Бугарија да продолжат да се ангажираат да ги решат своите прашања на билатерална основа и второ – во меѓувреме Владата тука да го имплементира и да го забрза реформскиот процес. Зошто тоа е важно – прво, заради тоа што е од најголема важност за граѓаните, но второ реформите, и реформите поврзани со ЕУ се најбрзиот начин да се приближите и да се приклучите кон европското семејство, дециден е Гир.

Со евроамбасадорот разговаравме и за можното членство во Европската економска зона, за пристигнувањето на вакцините, КОВАКС механизмот, помошта на Европската Унија за санирање на последиците од Ковид кризата врз економијата…/МИА

притисни ентер