Поповски од Лондон: Наша главна цел останува професионално и квалитетно новинарство

Професионалното, квалитетно новинарство останува главна цел на Република Македонија. 

Новинарство кое се спротивставува на влијанијата на центрите на моќ, изјави на вториот ден од меѓународната конференција за слободата на медиумите во лондон, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Конференцијата, посочи Министерот Поповски во своето обраќање во рамките на националните изјави, покажа дека демократиите беа сведоци на растечките закани коишто произлегоа од ширењето на дезинформации и онлајн пропагандистички кампањи, вклучувајќи и координирани напори од голем размер за потиснување на внатрешните демократски процеси.

– Република Северна Македонија во последниве години го доживеа овој феномен како една од целите на сензационализмот, недостојни медиумски содржини и лажни вести – изјави Поповски.

Нагласи дека земјава целосно ја почитува слободата на говорот и на медиумите, гарантирани со повелбите за човекови права.

– Донесовме законска регулатива за транспарентна постапка за избор на совет на јавни радиодифузни служби и советот на агенцијата за медиуми, којашто гарантира реформа, независност од која било партија и ослободена од какво било влијание. Формиран е професионален владин сектор за комуникација, како комплетен, 24-часовен сервис за новинарите и граѓаните. Без предрасуди и комплекси, како и нашите програмски политики, ние се отворивме за јавноста – изјави Поповски.

Ердоган на средба со Путин за Сирија

Турскиот претседател Ердоган следната недела ќе отпатува за Русија на разговори околу турската офанзива против Курдите на североистокот на Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин го поканил Ердоган на состанок во сочи во текот на нивниот телефонски разговор во време кога многу земји бараат од Турција да ја запре операцијата „извор на мирот“ во Сирија. Турција ја почна офанзивата откако САД, сојузници на курдските сили, ги повлекоа војниците од тој регион.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги донесе граѓаните на питачки стап

500.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Татијана Лалчевска од СДСМ.

500.000 граѓани кои не ги носат розевите наочари на Заев не знаат како да се прехранат и да го поминат месецот.

Зоран Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард.Наводното покачување на минималната плата со кое Заев се фали е само празно слово на хартија, работниците уште ги враќаат парите на газдите на рака.

Економската состојба од ден во ден е се полоша, падот во индустрискиот промет во август оваа година во однос на август минатата година изнесува 6.6%. Бројот на работници во индустријата е исто така намален, на секој 100.000 работници  оваа година имаме 2.500 работници помалку од лани.

Граѓаните и државата тонат. Со секој ден со СДСМ на власт државата е во се полоша состојба. СДСМ треба да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДМПНЕ..

Британија и ЕУ постигнаа договор за Брегзит

Велика Британија и Европската Унија постигнаа договор за Брегзит во пресрет на самитот на премиерите на земјите членки , што се одржува во Брисел.

Договорот го потврдија британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на ЕК во заминување Жан-Клод Јункер. Деталите од договорот се уште не се познати и откако официјално ќе бидат претставени, допрва треба да бидат одобрени од страна на Европскиот и британскиот парламент.

Јункер му се заблагодари на Џонсон на самитот за „одличните односи во последните две недели“.

„Овој договор беше создаден заедно со Велика Британија и затоа сум убеден дека може да биде поддржан и ратификуван навреме“, рече европскиот преговарач Мишел Барние.

Тој додаде дека не треба да има изненадувања во договорот.

„Постигнавме искрен и разумен договор што одговара на нашите принципи. Имавме тешки дискусии во последните денови. Можевме да најдеме решенија што целосно го почитуваат интегритетот на единствениот пазар. Создадовме ново и законско оперативно решение за да избегнеме цврста граница со Ирска и да одржиме мир и стабилност на ирскиот остров.“, Рече Барние на прес-конференција.

Новиот договор, сепак, го смени „најдобриот и единствениот можен договор“, како што европските официјални претставници го нарекоа договорот за Брегзит постигнат минатиот во ноември со тогашната премиерка Тереза ​​Меј.

Во врска со тој договор, протоколот со Северна Ирска беше изменет , но сите други одредби останаа исти.

притисни ентер