МНР објави дежурен телефонски број од Генералниот конзулат во Солун

Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.

Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени. /МИА

Дебата за учество во сообраќајот со електричен тротинет

 „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?" е темата на денешната тркалезна маса во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Настанот е дел од кампањата „Европска недела на мобилност" прогласена од Европската комисија и има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност.

На тркалезната маса ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска, високи претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Град Скопје, невладини организации и здруженија. 

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“

Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО  „Талир 2“ пред Кривичен суд.

 Судење кое е закажано за денеска претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во случајот „Талир 2“  обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на законот за политички партии, законот за финансирање на политички партии и законот за облигациони односи.

„Велофиеста" – дружење и забава на отворено

Град Скопје денеска организира „Велофиеста" – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. 

Град Скопје денеска организира „Велофиеста" – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од „Европската недела на мобилност 2019", неделата посветена на алтернативните форми на транспорт. Поради одржувањето на „Велофиеста", улицата „Димитрија Чуповски" на „Рекорд" денеска од 18 часот ќе биде затворена за сообраќај.

– Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас". Партнер на Градот Скопје е и здружението на граѓани „Македонски зелен центар", а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

ЈСП Скопје од 07:30 – 08:30 часот во нивните автобуси организираат Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

Во ОУ „Браќа Миладиновци" од Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу" од Општина Кисела Вода од 08:30 -11:30 часот се организира Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и од пешачењето.

Од 13:00 – 15:00 часот, Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) организира работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.

Републичкиот совет Хотел „Континентал" 10:30 – 14:00 часот организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со почеток во 11:00 часот, во Хотел „Континентал" во Скопје организира тркалезна маса на тема: „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?, каде обраќања на претставник на РСБП, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. /МИА

притисни ентер