Врховен до антикорупциска: Судиите секогаш сами се изземале ако е во прашање непристасноста

Во прашање е иницијатива со која двајца адвокати бараат Врховен да се произнесе дали за судиите за кои се бара разрешување ќе важи новиот закон кој е поблаг односнпо овозможува наместо разрешување да има и само дисциплинска постапка. 

Врховниот суд ѝ одговори на Антикорупциската Комисија која вчера им порача на судиите дека оние против кои се отворени постапки во судскиот совет за разрешување од функциите, не треба да учествуваат во расправата и одлучувањето на општата седница каде ќе се утврдува начелното правно мислење по поднесените иницијативи.

Во прашање е иницијатива со која двајца адвокати бараат Врховен да се произнесе дали за судиите за кои се бара разрешување ќе важи новиот закон кој е поблаг односнпо овозможува наместо разрешување да има и само дисциплинска постапка. Антикорупциска реагираше затоа што во тек се постапки за разрешување на врховни судии, меѓу кои и претседателот Јово Вангеловски, кои судии сега би требало да одлучуваат за споменатата иницијатива.

Јавна трибина „Борба против дезинформациите"

Јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите" ќе се одржи денеска во Битола.

Јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите" ќе се одржи денеска во Битола во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив" во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски" од Битола.

На настанот, како што најавија од „Интерактив", ќе учествуваат Жанета Здравковска, новинар и регионален координатор на ЗНМ, Стево Башуровски, главен и одговорен уредник на ТЕРА телевизија, Божидар Миленковски, професор на ФИКТ и Фатма Бајрам Аземовска од НУУБ „Св. Климент Охридски" -Битола.

Модератор ќе биде Мартин Николовски, студент на насока новинарство на Факултетот за комуникации при Хаџи Бајрам Вели Универзитетот од Анкара, Турција.

Настанот ќе се одржи во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски" во Битола. /МИА

САД не му дава виза на иранскиот претседател за учество на Генералното собрание на ОН

Патувањето во Њујорк на Генералното собрание на ОН е неизвесно за иранскиот  претседател Хасан Рохани , кој не може да добие американска виза.

Иранската делегација која требаше да замине во Њујорк за да го подготви теренот за пристигнувањето на Рохани, сè уште не заминала бидејќи нивните членови не добиле визи, соопшти агенцијата.

На прашањето на оваа тема на прес-конференција, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека се надева оти прашањето ќе биде набргу решено.

„Контактиравме со Соединетите држави и се надевам дека ќе го решиме проблемот“, рече тој.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео остана нејасен на оваа тема кога пристигна во Саудиска Арабија, каде што беа нападнати нафтени постројки во саботата и тие напади му ги припишува на Техеран.

„Ние не зборуваме за давање или не давање виза“, рече тој пред новинарите. „Ако сакате врски со странска терористичка организација ... не знам“, додаде тој. „Ми се чини дека мора да се прашаме дали треба да им се дозволи да учествуваат на мировни состаноци“, додаде Помпео.

Генералното собрание на Обединетите нации официјално ќе започне на 24 септември. Иран треба да присуствува на седницата на 25 септември, еден ден по говорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на францускиот , Емануел Макрон.

Скандал во Шпанија: Даночна службеничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 врвни спортисти

Вработена на висока позиција во даночната управа на Шпанија и уште три лица успеале да ги земат податоците на 38 врвни спортисти и од нивните сметки да украдат 6,2 милиони евра.

Вработената во даночната управа преку лажиран поврат на ДДВ , незаконски присвоиле 6,2 милиони евра. Меѓу спортистите има и репрезентативци од регионот , како поранешниот хрватски кошаркар Донтаје Дрејпер, босданскиот фудбалер Емир Спахиќ и словенечкиот кошаркар , Мирза Бегиќ.

Најмногу е оштетен турскиот интернациоанлен фудбалер Нури Шахин , од кого се украдени 1.212.158 евра , за периодот додека играл во Реал Мадрид.

Ова е наведено во обвинението на 26 страници . Вработената Леонор Санчез-Кабаљеро е обвинета дека во соработка со тројца мажи , од кои двајцата адвокати , ги искористила доверливите податоци , врз основа на кои тие фалсификувале документи , потписи на спортистите и налози за испалта во периодот од февруари 2015 до ноември 2016 година.

Барањето за поврат на данок било испратено преку две компании , на кои даночната служба им ги исплатила парите. И тие се обвинети за соучесништво во измамата.

„Се побаруваше враќање на данок во име на повеќе фудбалери и кошаркари кои играа во шпанските клубови, за што тие не знаеја“, се вели во обвинението, наведувајќи 38 примери на претежно странски спортисти.

Обвинетите се соочуваат со затворска казна од девет до 11 години.

притисни ентер