Што содржи предлог Законот на ДУИ за ветинг?

По прелиминарните ставови од сите пратенички групи, текстот на предлог Законот ќе одел на доизработка по што ќе бил пуштен во Собраниска процедура.

Актуелните и идните носители на јавни функции од претседател на држава до член на управен одбор, како и судии и обвинители ќе подлежат на ветинг за да се знае каков влегол а каков излегува од политиката а граѓаните наместо откако ќе биде избран функционерот, да имаат увид за него пред изборот. Овие новини ги содржи предлог законот за ветинг кој е автентична политика на ДУИ, вели за Канал пет Артан Груби. Чекингот на актуелните и идните функционери би го правела Агенција со стручна служба.

Груби ги негира наводите дека со ваквиот акт всушност ДУИ сака да ги спаси исклучиво своите кадри. Вели ДУИ е пионер во борбата со корупцијата и ги повика останатите партии да го следат нивниот пример.

Дел од пратеничките групи сеуште не го разгледале предлог законот, но сепак излегоа со првични видувања.  Александрова од независната пратеничка  група најави амандмани, го поздрави гестот на ДУИ и рече е крајно време да се позанимаваме со тоа кои и какви ликови вршат јавна функција.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, смета дека при Антикорупциска комисија со право да покренува пријави, едно вакво законско решение би било вишок, но сепак остави простор, став да изгради пратеничката група.

По прелиминарните ставови од сите пратенички групи, текстот на предлог Законот ќе одел на доизработка по што ќе бил пуштен во Собраниска процедура, информира Груби.

притисни ентер