Пред пресудата за Ел Чапо, обвинителите бараат доживотен затвор

Американските државни обвинители побарале доживотна затворска казна за мексиканскиот нарко бос Хоаким Гусман познат како Ел Чапо. 

Немилосрдниот нарко бос во февруари беше прогласен за виновен за планирање на убиства и кријумчарење на дрога.

АП пренесува дека федералните власти во документот поднесен до судот покрај доживотен затвор за Ел Чапо побарале и изрекување на дополнителни 30 години казна затвор.

Обвинителите исто така побарале од судијата да се нареди и враќање на имотот на жртвите во износ кој подоцна ќе биде одреден и утврден.  

Адвокатот на Ел Чапо, Џефри Лихтман барањето на обвинителите го оценил како „површно“ како и дека кај реституцијата во прашање се „теоретски пари“ , а не вистински, и истакнал дека американската влада „дури сега треба да ги лоцира парите“ од Гусмановите 12,6 милијарди заработени од дрога. Овие средства обвинителите бараат да бидат одземени од Ел Чапо.

Изрекувањето на пресудата на еден од најпознатите и најозлогласените нарко босови е закажана за 17 јули.

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер