Фото: Секси водителка

Чевли со високи потпетици на нозете и тетоважа на голиот грб.

Во вакво издание популарната српска ТВ водителка Душица се појавила на промоцијата на новиот спот на Аца Лукас и Маја Беровиќ.

Водителката Душица црвениот мини фустан под кој имала само гаќички, очекувано била во центарот на вниманието на фоторепортерите.

Почна гласањето во Охрид, Струга, Дебрца, изборниот процес се одвива непречено

Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на 10-тите парламентарни избори се одвива непречено. 

На предвремените избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и нашите иселеници, со тоа што тие ќе можат да гласаат само доколку лично се појават на гласачкото место каде се впишани.

Што се однесува на специфичните условите под кои се спроведуваат овие избори поради епидемијата на коронавирусот, заради поголема безбедност на гласачите 20 избирачки места се префрлени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа предвидените услови. На старите места се поставени известувања за новите локации каде ќе можат гласачите да го дадат својот глас.

Изборниот процес почна да се реализира и на територијата на Општина Дебрца, каде се евидентирани 4.422 гласачи кои ќе гласаат на 28 избирачки места. Таму нема промени на локациите на гласачките места.

Гласачките места беа навреме отворени и на територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места.

Инаку, поради новонастанатата ситуација со епидемијата на КОВИД-19, за прв пат гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, гласањето ќе се одвива од 7 часот наутро до 21 часот вечерва.

Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија.

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Право на глас имаат 1.814.613 гласачи во шест изборни единици. Се гласа за 15 партии и коалиции со 1578 кандидати. Гласањето е тајно со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.

Десеттите парламентарни избори во земјава, петти предвремени, се одржуваат под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19. Сите вклучени во процесот задолжително мора да ги почитуваат препораките и мерките за заштита носење маска, држење дистанца и дезинфекција на рацете при влез и излез од гласачкото место.

Членовите на ДИК на вчерашната седница уште еднаш повторија дека гласањето е безбедно по здравјето на граѓаните и ги повикаа масовно да излезат и во една достоинствена атмосфера да гласаат за избор на пратеници.

Австрија забранува слетување на авиони од 18 држави, меѓу нив и од Македонија

Со цел да го запре ширењето на пандемијата од коронавирусот Австрија го проширува списокот на држави за кои важи забраната за слетување на авиони на австриските аеродроми.

Забраната ќе важи за сите држави од Западен Балкан.

Со новата уредба Министерството за здравство на Австрија ја прошири листат од 8 на 18 земји.

Од четврток на австриските аеродроми ќе биде забрането слетување на авиони од сите држави од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија, Египет. Досега забрането беше слетување на авиони кои доаѓаат од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Украина, и Шведска.

До крајот на јули ќе бидат укинати сите летови од Скопје, Белград, Подгорица, Сараево, Софија, Тирана, Букурешт, Тирана и Варна.

притисни ентер