Видео: Ноле имаш подобар прием од Лукаку!!

Најдобриот светски тенисер  Новак Ѓоковиќ со серва на трева  против член на својот стручен штаб се релаксираше по обезбеденото полуфинале на Вимблдон.

Ѓоковиќ експресно во три сета во четврт финалето вчера го декласираше Белгиецот Гофан и закажа полуфинале проѕтив незгодниот Шпанец Роберто Баутиста Агут.

Популарниот Ноле сакајќи да се опушти по мечот со Гофан со пријателите од стручниот штаб одигра серва на трева во дворот на куќата во која е сместен во Лондон и ги покажа своите одлични способности и со фудбалската топка.

Неговите фанови на социјалните мрежи му порачаа дека има подобар прием од центарфорот на Манчестер Јунајтед робусниот Ромел Лукаку.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

притисни ентер