Нова фабрика во Визбегово вредна три милиони евра

Панцири, шлемови, елеци...опрема за армијата и полицијата ќе произведува новата фабрика АТС ГРУП, во индустриската зона Визбегово. 

Станува збор за гринфилд инвестиција вредна 3 милиони евра. Компанијата има 80 вработени. На свеченото отворање присуствуваше премиерот Зоран Заев, како и голем број на владини претставници.

Власта ветува и поголема поддршка на инвестициите. Во таа насока со измени во законот за финансиска поддршка на инвестициите, го зголеми опсегот на фирми кои можат да аплицираат. Предвидените 75 милиони евра за поддршка на стопанството сега им стојат на располагање на над 4 илјади компании.

Парична помош ќе добијат само оние кои инвестирале. Фирмите ќе може да аплицираат од понеделник. Со овој закон досега над 300 компании добиле поддршка.

Осумгодишно девојче било вшмукано во одвод на базен, очајната мајка го тужи хотелот (ВИДЕО)

Полицијата во Хјустон, Тексас,  ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело било пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучиле дека смртта на Алија Јаико е случајно давење.

Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некого да дише. Се чека извештај од обдукцијата.

Полицијата соопштила дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Даниела Јаико, поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопштила дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

Скандал во Прага: Трудница отишла на редовен преглед, по грешка ѝ направиле абортус

На трудницата која дошла на редовен преглед во болница во Прага ѝ направиле абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешна пациентка.

Во трагичниот инцидент претходно оваа недела, мешањето на две странски жени во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, објави CNN Prima.

Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентката и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјанки кои живеат во Чешка.

Официјалните лица не објавиле никакви информации за идентитетот на жените.

Крокодил му се прикрадува на заспан турист, а епилогот е неверојатен (ВИДЕО)

На интернет кружи видео снимено на плажа во близина на мексиканската населба Бока де Игуанас.

Застрашувачката сцена прикажува млад турист како спие во шатор, а покрај неговата глава гледаме крокодил!

Момчето е сместено во светло син шатор, а опасниот рептил очигледно немал желба да го изеде, туку да си ја одмори душата.

Авторот на видеото објаснил дека крокодилот цела ноќ спиел покрај шаторот, а останатите го преместиле пријателот во апсолутна тишина за да не го испровоцираат опасниот предатор.

Локалните власти ги потсетија туристите да бидат свесни за присуството на диви животни и да преземат соодветни мерки на претпазливост, пишува Daily Mail.

Се верува дека крокодилот стигнал до плажата во Бока де Игуанас, западно од Мексико Сити, поради храната и отпадот што го оставиле посетителите.

Официјалните лица истакнуваат дека влекачите ги привлекува „лесниот оброк“, па затоа е важно туристите да го остават ѓубрето подалеку од површината на водата. Во спротивно, може да се појават ризични ситуации.

притисни ентер