Над 16 тони цигари и 13 тони тутун запленила царината на граничните премини со Србија и Грција

Над 16 тони цигари и 13 тони тутун во лист запленила Царинската управа на граничните премини со Србија и Грција кои требало да завршат на македонскиот пазар.

Против шеврцувачите се поднесени кривични пријави, но засега нема информација колку лица ќе одговараат, а случаите ги работат кумановското и гевгелиското обвинителство.

По тврдењата на првиот човек на финансиската полиција Арафат Муареми од пред неколку дена во телевизиско интервју дека увозот на нелегалниот тутун пронајден во акцијата во скопско Љуботен има поврзаност со вработени во Царинската управа, Танаскоски ги отфрла наводите. Нивните досегашни проверки не упатиле на вмешаност.

Обвинувањата за вмешаност беа упатени и на адреса на министерството за економија, но и Крешник Бектеши ги отфрли.

Ова е втора поголема акција против тутунската мафија по заплената на 12 тони тутун во скопско Љуботен, Арачиново и Сингелиќ кога финансиската полиција откри дека македонски фирми увезувале отровен тутун па го препродавале на физички лица кои го дообработувале и продавале, а штетите на државниот буџет беа проценети на над 7 милиони евра. Но и покрај тврдењата на Муареми дека е на трага на балканската тобако мафија, истрагата покажа и слабости во домашниот систем, односно дека фирмите преку кои се вршел шверцот на тутунот ги основале лица со фалсификувани лични документи па затоа тешко им се влегувало во трага.

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер