По 10 годишно лекување од депресија во Холандија Коко се врати во Скопје

Kоко е мојот дар од Бога и неизмерна љубов – вака ЗОО негувателот Драган раскажуваше за моментите на радост и среќа кога по 10 години повторно се сретна со својот стар пријател. 

Емоции, солзи радосници и по некоја прегратка – познатото шимпанзо родено во нашата Зоолошка конечно се врати дома.

Роден пред 24 години, мирот и спокојот на Коко го нарушила смртта на неговата мајка која боледувала од туберкулоза. Знаците на осаменост и анксиозност го одведоа Коко по нов животен пат. Во 2009-та грижата за него ја презема еден од најдобрите центри за ресоцијализација во Холандија.

Сега Коко доби убав и топол дом, но и три нови другарчиња шимпанза. Роси и Хјасл кои имале тешко минато во Африка и 62-годишната Мими која својата длабока старост по животот во циркуз ќе го мине во Скопје.Додека се адаптираат на новото живеалиште шимпанзата ќе бидат во карантин, а посетителите ќе можат да се запознаат со нив за околу дваесетина дена. За тоа време ќе се комплетира и надворешниот дел од новиот дом на Коко и дружината.

Видео: Авион слетува над главите на туристите

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот прелетува над главите на туристите.

Аеродромот на грчкиот остров Скијатос е популарна туристичка атракција и голем број туристи чекаат покрај пистата за да им се случи вакво несекојдневно искуство.

Џеф Безос прв пат во јавност со љубовницата

На финалето на Вимблдон, сопственикот на компанијата Амазон а воедно и најбогатиот човек на светот Џеф Безос се појави со својата љубовница, 49 годишната Лаурен Санчез поради која се разведе после 25 години брак.

Се чини тој не можеше да и одолее на својата љубовница па наместо во теренот тој постојано гледаше во нејзе.

Пробал да шверцува кокаин под својата перика

Полицијата  во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува  половина  килограм кокаин под својата чудна перика.

Надлежните велат дека  човекот  изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа. Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле. Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30 000 евра.

притисни ентер