Влијаела ли Русија во подемот на крајната десница во Европа?

Влијаела ли Русија во подемот на крајната десница во Европа?

 Прашањето втор ден ги мачи Италија и Брисел, откако пред два дена протече аудио снимка, на која близок соработник на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, со тројца руски претставници наводно договара план Москва да  финансира националистички движења и истакнати личности на ектремната десница.

  Снимката, која ја објави порталот „Базфид“ трае 70 минути и е направена седум месеци пред европските избори во мај, на кои, екстремната десница постигна добри резултати.  Според снимката, соработникот на Салвини, договара десетици милиони долари руски нафтени пари да се прелеат на контото на владеачката Лига на Салвини, кои потоа би биле употребени за финансирање на десничарските партии. Целта, како што наведува „Базфид“ била да се поткопаат либералните демократии и да се создаде таканаречен Нов сојуз, националистичка Европа, блиска до Москва.

-Салвини е тој што сака да ја смени цела Европа, заедно со нашите сојузници од другите партии во Европа, како Алтернатива за Германија, во Франција, г-ѓата Ле Пен, како и во останатите земји, Унгарија со Орбан, се слуша на аудио снимката, објавена на порталот „Buzznewsfeed“.

На снимката се споменува голема руска нафтена компанија која би продава милиони тони гориво на италијанската нафтена компанија за сума од околу 1,5 милијарди долари. Продажбата ќе се вршела преку посредници, со дисконт од околу 65 милиони долари. Нема информација дали наводните пари легнале на нечија сметка. Италијанската опозиција побара итна истрага, а Салвини категорично ги отфрли наводите.

-Не сум зел ниту едно евро. Ниту една рублја, ниту еден долар, ниту литро вотка од Русија. Веќе поднесов тужба за клевета, а тоа ќе го направам и денеска и утре и задутре, изјави Матео Салвини, вицепремиер на Италија.

Сличен скандал пред два месеца беше причина австрискиот вицеканцелар Штрахе да си поднесе оставка, откако беше објавена снимка на која тој за биснис услуга бара финансиски надомест од наводна внука на руски олигарх.  

Судскиот процес „Талир 2“ одложен за 15 октомври

Предметите кои беа во надлежност на СЈО, се вратија во судница, но очекувано со нови проблеми. 

Наместо да почне со воведни зборови, денешното рочиште за случајот “Талир 2”, се одложи затоа што адвокатот Дончо Наков побара време да се исконсултира со неговиот клиент, обвинетитот Никола Груевски, бидејќи полномошното му било дадено само за предмети водени од СЈО.

Рочиштето почна со правна битка меѓу адвокатите и старо-новата обвинителка Ленче Ристоска околу надлежноста редовното обвинителство да го застапува овој случај и легитимноста на државниот обвинител Јовески да ги доделува предметите на истите обвинители од СЈО. Обвинителката Ристоска посочи дека Државното Јавно Обвинителство ги има преземено предметите од СЈО и има целосна надлежност, со што нема законска пречка скопското обвинителство, каде таа премина, да го застапува. По завршувањето на рочишето Ристоска ги посочи новинарите за сите прашања околу понатамошната работа да се обратат до прес службата на државното обвинителство.

За овој предмет кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Ристоска предложи на следното рочиште кое е закажано за 15ти октомври да се повика и претставник на партијата.

Обвинети во овој случај за злоупотреба на службената положба обвинети се експремиерот Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Со старо-нов обвинител денеска продолжи и рочиштето за предметот “Тарифа” кој беше во надлежност на СЈО.

ДавидовиЌ: Спречил ли Дончев, Шведска инвестиција во македонското здравство?!

Дали е на повидок нова афера, овој пат во здравствената сфера. Бизнисменка од Скопје поднела кривична пријава против Ден Дончев и Венко Филипче дека наводно се обиделе да стопирале шведска компанија да инвестира во земјава.

Адвокатот на бизнисменката Вера Иванова, Ѕвонко Давидовиќ, вели дека министерот и директорот на фондот за здравство, ја злоупотребиле службената положба, за што постоеле повеќе докази.

 Филипче и Дончев став најавија деновиве.

Државниот врв се обедини против дезинформациите и лажните вести

Државниот врв почнува борба со лажните вести како голема закана за безбедноста и демократијата во современото општество. 

Пропагандата и дезинформацијата имаат потенцијал да промовираат говор на омраза и насилство и да ја намалат довербата во демократските вредности, рече премиерот Зоран Заев на првиот конститутивен состанок на Акциската група што ќе ги координира државните институциите во оваа борба.

Заев како пример за лажни вести посочи некои од информациите и вестите кои континуирано се објавуваа за Договорот од Преспа.

Во оваа ера на дигитализација кога сите информации ни се достапни со еден клик, често немаме можност да направиме разлика меѓу издржана и професионална вест од дезинформација, а општество без силни медиуми не може да се развива демократски, смета претседателот Стево Пендаровски.

Лажните вести се и закана за безбедноста на државите, вели тој.

Кампањата против лажните вести ќе се води според стандардите на Европската комисија и секторот за комуникации на НАТО.

Од октомври е најавена серија консултации со граѓанските организации и медиумите, но и иницијатива за регистар за професионални онлајн медиуми со познато сопствеништво и импресум. 

притисни ентер