Заев: Ние сме пријатели со Русија и покрај нивното противење да станеме членка на НАТО

Перформансот на руските пранкери е изолиран случај и нема да се испречат пред нашите пријателски односи со Русија, вели премерот Зоран Заев, кој денеска се сретна со амбасадорот на Русија во земјава. 

Средбата, вели премиерот, е договорена пред објавувањето на неговата комуникација со Русите кои му претставувале како поранешниот украински претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели“, вели Заев.

Синоќа Заев разговарал и со косовскиот и српскиот претседател, Тачи и Вучиќ на кои им ги појаснил неговите разговори со руските шегобијци во кои зборува и за решавање на косовското прашање. Разговорот го потврди и Тачи, кој вели дека Заев му објаснил дека е жртва на измама.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговорноста за измамата на премиерот ја лоцира во непочитување на протоколите за комуникација.  Смета дека е потребно повисоко ниво на будност во следењето на препораките и протоколите со цел да се спречат ваквите измами.

Во меѓувреме, Вован и Лексус преку македонските медиуми објавија нови моменти од комуникацијата со македонскиот премиер.

Пораките и фотографиите кои што ги разменувале со Заев од август лани и последната која што му испратиле веднаш по завршувањето на прес конференцијата на Заев во вторникот на која даде објаснување за објавените разговори со руските пранкери.

Според објавените пораките, во последната комуникација на Заев тој испраќа фотографија на која е заедно со контроверзен политички стратег Тал Силберстин, кого го нарекуваат уште и спиндоктор.

Силберстин од поранешниот австриски канцелар, Себастијан Курц директно беше посочен како виновник за падот на неговата Влада преку осмислување и подготовка на скандалот во којшто беше вмешан неговиот коалиционен партнер. 

Од Владата нема објаснување кога се случила средбата на премиерот со Силберстин и со која цел е истата.

притисни ентер