Седум загинати и над 100 повредени на Халкидики

Најмалку седум мртви и десетици повредени е епилогот од трагичното невреме кое го погоди грчкиот полуостров Халкидики.

Силната бура рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета. Најголемиот дел од жртвите настрадале од паднати дрвја и превртени возила, меѓу нив се и мајка со нејзиното малолетно дете, кои загинале откако врз нив паднал кров од ресторан.

Халкидики е место каде што многу Македонци секоја година го поминуваат одморот, а дел од нив за Канал 5 сведочат за апокалиптичното невреме кое го погоди полуостровот

Грчките медиуми пренесуваат дека туристите кои биле затекнати од бурата спасот го барале по угостителските објекти, па дури и во црквите. Од македонското МНР велат дека немаат информација за настрадани или повредени Македонци.

-Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Во регионот на Халкидики е прогласена вонредна состојба. Ситуацијата денеска е мирна, а екипи на грчките служби работат на санирање на штетите.

Силно невреме вчера го погоди и југозападниот дел на државава. Во Преспа десетина села беа оставени без електрична енергија, а силниот дожд и град предизвика голема материјална штета. Најпогодени се селата Крани и Штрбово, како и граничниот премин Маркова Нога, каде ветерот половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи. Во Охридското крајбрежје пак, најпогоден е автокампот Љубаништа, каде во невремето се уништени голем дел од приколките и шаторите во кампот.

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

притисни ентер