Скопје на пролет ќе добие велодром

Скопје на пролет ќе добие рекреативен адреналински велосипедски парк или велодром. Одлуката за градба ја поддржаа советниците на Град Скопје на денешната седница.

Веледромот ќе се гради во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило.

Проектот ќе биде помогнат со донација од Стопанска банка АД Скопје во вредност од 1,5 милиони денари.

Во 2018 година биле планирани за реализација на проектот 1,5 милиони денари, но по проектирањето се оценило дека ќе бидат потребни вкупно три милиони денари. Проектот го финансира банката, а обврската на Град Скопје е да го расчисти просторот, нема да има сеча на дрвја, ќе се реконструира паркингот, ќе го осветли и заштити.

Градските власти информираат дека на скопјани со ова ќе им се даде уште една можност да го користат, како што велат, позапуштен дел од Градскиот парк. Освен рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет… 

Фото: Голата Ана Николиќ, порача дека се вратила!!!

Популарната пејачка Ана Николиќ се вратила во топ форма.

 Сексапилната Ана во секоја прилика со своите објави на социјалните мрежи покажува дека повторно има совршена става.

По бурниот период од живот, исполнет со брак, па брз развод, бременост раѓањето на ќерката и вишокот на килограми Ана конечно одлучила да се посвети на себе си.

Сега кога повторно изгледа како секс бомба Ана гордо објави фотки на Инстаграм. Ана на фотката е гола  и лежи на кревет за масажа.

Емина Јаховиќ се вселува во вилата на турскиот милионер Садетин

Атрактивната балканска пејачка Емина Јаховиќ полека започнала да ги вселува своите работи во вилата на нејзиното ново момче, турскиот милионер Садетин Саран. 

Поради тоа што често престојува кај него, Садетин и предложил на Емина да си донесе некои неопходни работи за да и биде полесен престојот во неговата вила.

Турските медиуми веќе пишуваат дека Емина и Садетин започнале заедно да живеат.

-Малку по малку Емина  започнала да ги пренесува своите работи во неговата вила, изјавил за „Ало“ добро информиран извор.

Популарната пејачка досега најмногу стравувала како нејзините синови од бракот со Мустафа Сандал ќе го прифатат нејзиното ново момче Садетин, но на крајот по една заедничка вечера се завршило добро .

Фото: „Супер голема бела ајкула“, кинески хеликоптер како летачка чинија!!!

Хеликоптер под името „Супер голема бела ајкула“ кој изгледа како летачка чинија е преставен на изложба во кинескиот град Тјанин.

Кинеските воени стручњаци изјавиле дека станува збор засега за експериментално летало и дека ако се одлучат хеликоптерот да биде применет во пракса тоа нема да се случи наскоро. Според нив работата на овој нов модел е користен во смисла на развојот на технологијата на леталата во иднина.

Хеликоптерот „Супер голема бела ајкула“ е долг 7,6 метри а широк 2,85 метри. Пилотската кабина која е сместена во средината на прстенестата структура има две места. Хеликоптерот има два турбоџет мотори и може да развие брзина до 650 километри на час.  

Хеликоптерот е тежок шест тони и може да лета на височина до шест илјади метри.

притисни ентер