Бугарија ќе купува осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

Бугарија ќе купува осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари.

Како што објави бугарскиот весник „Новините“, новите авиони треба да ги заменат веќе дотраените авиони Миг-29, кои биле купени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во бугарија во последните 30 години. Купувањето на авионите, оружје, придружната опрема и системи ќе се изврши преку четири различни тендери.

Заменик-министерот за одбрана, Атанас Запарјанов, изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот конгрес да помогне со 60 милиони долари.

Шест авиони Ф-16 ќе бидат испорачани во 2023 година.

Дебата за учество во сообраќајот со електричен тротинет

 „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?" е темата на денешната тркалезна маса во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Настанот е дел од кампањата „Европска недела на мобилност" прогласена од Европската комисија и има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност.

На тркалезната маса ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска, високи претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Град Скопје, невладини организации и здруженија. 

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“

Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО  „Талир 2“ пред Кривичен суд.

 Судење кое е закажано за денеска претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во случајот „Талир 2“  обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на законот за политички партии, законот за финансирање на политички партии и законот за облигациони односи.

„Велофиеста" – дружење и забава на отворено

Град Скопје денеска организира „Велофиеста" – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. 

Град Скопје денеска организира „Велофиеста" – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од „Европската недела на мобилност 2019", неделата посветена на алтернативните форми на транспорт. Поради одржувањето на „Велофиеста", улицата „Димитрија Чуповски" на „Рекорд" денеска од 18 часот ќе биде затворена за сообраќај.

– Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас". Партнер на Градот Скопје е и здружението на граѓани „Македонски зелен центар", а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

ЈСП Скопје од 07:30 – 08:30 часот во нивните автобуси организираат Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

Во ОУ „Браќа Миладиновци" од Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу" од Општина Кисела Вода од 08:30 -11:30 часот се организира Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и од пешачењето.

Од 13:00 – 15:00 часот, Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) организира работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.

Републичкиот совет Хотел „Континентал" 10:30 – 14:00 часот организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со почеток во 11:00 часот, во Хотел „Континентал" во Скопје организира тркалезна маса на тема: „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?, каде обраќања на претставник на РСБП, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. /МИА

притисни ентер