Овошните насади уништени, огромни штетите по невремето во Преспа и Охридско

Според првичните проценки од терен предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени. 

Откорнати дрвја, искршени автомобили и камп приколки, откорнати кровови од куќи и помошни објекти, уништени овоштарници и земјоделски насади, искршени електрични столбови, е само дел од сликата во Долна Преспа по синоќешното невреме, во кое за помалку од половина час опустоши се во овој крај.

Силен дожд, ветер и град ги зафатија селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога": Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно, а некои од селата беа и со отсечени патишта. Повозрасните жители велат дека не паметат вакво невреме во Преспанскиот регион.

Според првичните проценки од терен предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени. Во овој регион овошните насади претрпеле штета од скоро 100 отсто, а првично не може да се каже колкава е штетата на објектите. Скоро 20 часа по невремето општина Ресен уште нема електрична енергија, поради претрпените штети на електричните столбови.

Екипи на јавните претпријатија од Ресен, Пожарната служба и ЕВН се на терен работат на расчистување на последиците од невремето. Огромни штети, како што велат очевидци, имало во автокапмот Крани, каде биле искршени камп приколки и автомобили.

Во обиколка на Долно Преспанските села е и градоначалникот Живко Гошаревски придуржуван од министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Оливер Спасовски и Трајан Димковски.

– На терен сме од синоќа, комуницираме со населението, онаму каде што можеме и каде што има потреба да помогнеме. Наши екипи се на терен, работат на расчистување на последиците од невремето. Медицински тимови беа во обиколка на погодените населени места, доколку имаше потреба да интервенираат, но освен кај исплашени граѓани, немало некоја посериозна интервенција, изјави за МИА Гошаревски.

Силно невреме проследено со дожд и силен ветер синоќа го зафати и Охридскиот регион, односно туристичките населби Трпејца, Љубаништа и автокампот кај „Свети Наум". Туристите кои престојувале во овие локалитети сведочат за страотна глетка, акде за 20-тина минути имало, како што велат, вистинско „цунами".

Штета има регистрирано кај камп приколките во „Свети Наум", авто-кампот Љубаниште, и во Трпејца, но покрај откорнати дрвја, превртени приколки и искршени автомобили не се пријавени повредени лица.

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

притисни ентер