МЗ: Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

 Министерството за здравство соопшти дека првпат во државава од денеска достапен е лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, која спаѓа во групата на ретки болести. 

Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.

– Идиопатска белодробна фиброза е заболување на белите дробови со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза. Лекот Пирфенидон е прв избор за третман на идиопатска белодробна фиброза, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот. Преку програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни седум милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години, стои во соопштението од Министерството. 

Видео: Авион слетува над главите на туристите

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот прелетува над главите на туристите.

Аеродромот на грчкиот остров Скијатос е популарна туристичка атракција и голем број туристи чекаат покрај пистата за да им се случи вакво несекојдневно искуство.

Џеф Безос прв пат во јавност со љубовницата

На финалето на Вимблдон, сопственикот на компанијата Амазон а воедно и најбогатиот човек на светот Џеф Безос се појави со својата љубовница, 49 годишната Лаурен Санчез поради која се разведе после 25 години брак.

Се чини тој не можеше да и одолее на својата љубовница па наместо во теренот тој постојано гледаше во нејзе.

Пробал да шверцува кокаин под својата перика

Полицијата  во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува  половина  килограм кокаин под својата чудна перика.

Надлежните велат дека  човекот  изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа. Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле. Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30 000 евра.

притисни ентер