Општина Куманово ќе одвои 400.000 денари без ДДВ за авионско прскање против комарци

 По трите извршени ларвицидни дезинсекции против комарци, денеска општина Куманово ќе склучи договор со компанија изведувач за авионско прскање против комарци, соопштија  од одделението за јавни набавки.

Избрана е компанија изведувач „Бони -Ер" од Куманово и за авионска дезинсекција ќе бидат одвоени 400.000 денари без данок на додадена вредност.

– Набавката успешно се реализра по четврти пат, по претходни три неуспешни обиди за спроведување на постапката, соопштија од одделението за јавни набавки.

По потпишување на договорот, компанијата ќе изврши авионска дезинсекција, за што граѓаните и пчеларите дополнително ќе бидат информирани, а ќе зависи од временските услови, појаснија од одделението за односи со јавност од општината.

Претходно, општина Куманово од април досега, во три наврати изврши ларвицидна дезинсекција против комарци. Вкупно, за ларвицидна дезинсекција, за дератизација против глувци и за дезинскеција против крлежи општина Куманово одвои 600.000 денари без данок на додадена вредност.

Протоколот за ратификација на членството на Македонија во НАТО пред француската влада

Француската влада го разгледа предлог-законот за  одобрување на ратификацијата на протоколот од северноатлантската спогодба за пристапување на Македонија, јави дописникот на МИА од Париз.

–Влегувањето во сила на протоколот кон северно-атлантскиот договор за пристапување на С.Македонија ќе  и овозможи на оваа земја да стане 30-та членка на атлантската алијанса, кога 29-те земји-членки на НАТО ќе известат дека го ратификувале протоколот“, се вели во соопштението на француската влада.

Предлог законот за ратификацијата сега влегува во парламентарна постапка каде ќе треба да биде изгласан од националното собрание и сенатот.

Познат составот на меѓупарламентарната делегација ЕУ

 Европскиот Парламент го одобри составот на 44 меѓупарламентарнит делегации кои ги одржуваат парламентарните односи со други држави, региони и организации, меѓу нив и делегацијата за односи со  Македонија.

Делегацијата брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија), а заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Мариа Спираки (Грција).

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), а заменици  Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаи Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерлаи, сега  Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делегацијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Од групата Идентитет и демократија член е Масимо Казанова (Италија), додека заменикот не е назначен се уште.

Членови од групата на Европските конзервативци и Реформисти е Ангел Џамбазки (Бугарија) и како заменик Богдан Ржонца (Полска).

Од независните европратеници во ниту една група се Лефтерис Николау-Алаванос (Грција, комуинист) и Анунзиата Мари Рис-Мог (Велика Британија, Брегзит партија, двајцата заменици доаѓаат исто така од Велика Британија од Брегзит партијата Џонатан Булок и Матејо Ричар Патен.

Меѓупарламентарните делегации работат на одржување на односите и размената на информации со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, за промоција на основните вредности на ЕУ: слободата, демократијата, почитувањето на човековите права и основните слободи и владеењето на правото.

Одобрувањето на составот на делегацијата на пленарната сесија на Европскиот парламент, се прави врз основа на внатрешните одлуки на политичките групи и независните членови на ЕП. Во составот на делегацијата мора да се обезбеди правична застапеност на земјите-членки, политички мислења и родовата припадност.

Претседателот и потпретседателот на делегацијата ќе бидат избрани на основачкиот состанок на делегацијата, што треба да се одржи во септември, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места.

Според Конкурсот на УКИМ, во квотата за редовни студенти слободни се 5387 места, за редовни со кофинансирање на студиите има 4248 места и за вонредни студенти слободни се 1030 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот на 12 и 13 септември и третиот рок на факултетите каде што ќе има слободни места е на 25 септември.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај,  почетокот на учебната година за студентите е на 1 октомври. х

притисни ентер