„Лукоил" ја отвори 31-та бензинска станица во земјава

Во присуство на претставници на Владата на  Македонија, на Амбасадата на Руската Федерација и на локалната самоуправа, денска во Арачиново официјално беше отворена 31-та бензинска станица на „Лукоил" во земјава.

Новата бензинска станица со 12 вработени, е изградена на површина од 2000 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни и тешки товарни.

-Новата бензинска станица е дел од стратегијата на нашата компанија за проширување на македонскиот пазар. Нашата цел е секојдневно да го подобруваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, снабдувајќи ги со висококвалитетни горива и најефикасна услуга,, изјави Андреј М.Куку, регионален управител на „Лукоил Македонија".

Премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Сергеј Безднекин, истакнаа дека инвестиите на „Лукоил" придонесуваат за развој на економијата во земјава.

-Новата бензинска станица на „Лукоил" е од извонредно значење за овој регион и ќе ги задоволи потребите на жителите на општините Гази Баба и Арачиново, како и на сите патници и деловни луѓе кои фреквентно го користат регионалниот пат Скопје-Куманово. Секако, од значење е и отворањето на новите работни места како и придобивка за жителите на локалните заедници во двете општини. Ова е убава прилика со неколку зборови да потсетиме на нашата одлична соработка со компаниите кои доаѓаат од Руската Федерација, како и нашата принципиелна соработка со Руската Федерација, како значаен трговски партнер на РСМ со кој остваруваме интензивна трговска соработка која постојано бележи константна вредност, изјави премиерот Заев.

Амбасадорот Бездникин рече дека дејноста на „Лукоил" е видлив пример за успешна реализација на инвестициски проект, што позитивно влијае врз формирањето на објективниот образ на Русија во Македонија, која, како што наведе, е заинтересирана за унапредување на заемно полезна соработка меѓу двете земји и нивните братски народи.

– Ја забележуваме подготвеноста на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Отворени сме за продлабочување на нашата соработка, за проширување на истата врз нови сфери во тој степен, во кој тоа им одговара на нашите заеднички интереси, рече амбасадорот Баздникин.

Покрај премиерот и амбасадорот на отворањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалниците на Општина Гази Баба и Општина Арачиново, Борис Георгиевски и Миликие Халими, како и други претставници на државните органи и локалните власти.

Лукоил во земјава има вкупно 31 бензинска станица, од кои 10 во Скопје и околината, по три во Тетово и во Битола, по две во Куманово, Охрид, Струмица и Гевгелија, и по една во Кичево, Прилеп, Велес, ,Штип, Кочани, Радовиш и на Стража.

Неработна среда – како скопјани го минуваат изборниот ден?

Граѓаните денеска освен за искористување на правото на глас, убавото време и слободниот ден го минуваат и на прошетка и ги наполнија локалите.

По Владината одлука изборните денови да бидат неработни, Канал 5 направи обиколка низ градот, па денеска може да се забележи дека работат само локалите и трговските центри. За останатите, од ДПИ најавија засилени иснпекциски контроли во текот на денот, но засега како што велат, не се забележани прекршоци.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот на денот ќе го минат на прошетка и во исчекување на резултатите од гласањето.

- Веќе го искористивме правото на глас и остатокот од денот ќе го поминеме празнично дома и ќе ги следиме резултатите.

- Добро ќе поминеме со другарите ќе седнеме ќе пиеме по едно кафе, па ќе гласаме најдобриот нека победи.

- Да, го искористив своето право на глас, бев да гласам и денеска убаво времето малку на прошетка.

-Гласавме, денот е добар и ќе чекаме сега кој ќе победи.

Во ден без отворени супермаркети, пазарџиите денеска со полни раце работа. Со оглед на тоа што не работат трговците, граѓаните ги наполнија пазарите.

- Има раздвиженост, од гласање доаѓаат на пазар си пазаруваат луѓето и така добро е не е лошо.

- Ние работиме во сите денови без разлика што денеска е неработен ден, раздвиженоста е поголема од другите денови, значи забележително, сега дали ќе биде до крајот на денот така или ке се скрши работата, но има раздвиженост меѓу грѓаните.

Токму за одлуката изборните денови да бидат неработни, реагираа од бизнис заедницата објаснувајќи дека таа негативно ќе се одрази кон бизнисот и дека фирмите ќе претрпат загуби.

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Целта на акцијата со кодно име 'Пирамида' се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. /МИА

Излезноста до 13 часот повисока за четири проценти во однос на изборите пред пет години

Повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5.

Јован Ѓорговски ја има анализата.

Во која насока е трендот од досегашниот одзив на гласачите?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер