Студеничани денеска без вода

Корисниците од Студеничани денеска од 10:00 часот ќе останат без вода, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинатото водоснабдување, како што соопштуваат од претпријатието, е поради уличен дефект Ф 3"м.м. на улица 1 бр.152 Студеничани, а без вода корисниците од Студеничани ќе бидат од 10:00 часот до завршување на дефектот. 

(Видео) За Македонија се „невидливи“, ама затоа пак РТВ Србија им посвети емисија

Станува збор за емисијата на РТС - Квадратура на кругот, во која оваа недела темата беше граѓанската војна во Грција, и нашите сограѓани - бегалците од Егејска Македонија!

За жал, официјално се откажавме од нив, но тие се само уште еден доказ дека Македонци живееле и живеат во северна Грција, регион што тие си го нарекоа „Македонија“, додека ние од неодамна станавме Северни.

Српската државна ТВ се потсетува на овој страшен егзодус и вели:
„Во таа братоубиствена војна, во која од една страна се бореа вооружените сили на грчката влада, а од друга страна грчки комунисти, загинаа околу 50.000 луѓе, над половина милион беа внатрешно раселени, а повеќе од 50.000 избегаа само од Егејска Македонија“

50.000 наши луѓе, од кои преку 28.000 беа деца...сите Македонци.

( Видео ) Емисијата - Квадратурата на кругот

Полициска рација во близина на Москва – Откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога (ВИДЕО)

Полицијата изврши рација и ја затвори најголема нелегална лабораторија за синтетички дроги во Русија.

Дилерите се скриле на фарма недалеку од Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Тие објавија видео и фотографии од лабораторијата скриени на четири хектари фарма во Серпуково, на околу 100 км јужно од Москва. Откриле околу тон и пол синтетички дроги, околу 100 килограми кристали, тон и пол разни течности, четири тони реагенси, повеќе од 600 кг прекурсори , седум хемиски реактори и друга опрема.

Уличната вредност на лекот се проценува на повеќе од сто милијарди долари.

„Производството беше во тек кога влета полицијата“, рече портпаролката на Министерството, Ирина Волк. Тие пронашле и уапсиле  тројца хемичари, по потекло  Украинци, транспортер , како  и организаторите на целиот бизнис. Сите завршија во притвор и им се заканува казна затвор до 20 години.

Европол разби мрежа на криумчари на мигранти

Полската гранична служба, со поддршка на Европол, на 18. овој месец растурила организирана криминална група вклучена во шверц на мигранти.

Полската полиција уапси 17 осомничени членови на криминалната мрежа, од кои четворица, за кои се верува дека се главните организатори, се приведени.

За време на операцијата биле запленети телефони и компјутери, како и документи од регистрирани компании користени за полесно шверцување на мигрантите низ Европа.

Активна од 2012 година, групата овозможила нелегално да преминат мигранти од Источна Европа, Азија и Африка, главно во Полска, и во други земји на ЕУ и САД, соопшти Европол.

Криминалната мрежа соработувала со криминалци од различни земји, особено од Русија, Турција и Украина. Тие организирале нелегален влез во ЕУ за најмалку 13.000 лица при што заработиле над 2,3 милиони евра.

притисни ентер