Видео- Фото: Најмалку шест загинати и повеќе од 100 повредени во силно невреме на Халкидики

Најмалку шест лица ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики.Во болниците низ Ситонија повеќе од 100 лица побарала помош поради повреди.

Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Грчките власти информираат дека десетици лица се повредени во невремето, а има и голем број на исчезнати.

 Халкидики е место каде што многу Македонци секоја година го поминуваат одморот, а од министерство за надворешни работи информираат дека до овој момент нема информации за настрадани или повредени македонски државјани во невремето.

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

Осмо издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце" во Трпејца

Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов" од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце". 

Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце" организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица" по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов" ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни./МИА

Ансамблот „Дорико“ со Омаж на Георг Фридрих Хендл на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди Омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли -мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали, напишаа од Охрдско лето.

притисни ентер