Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка

Британскиот амбасадор во Вашингтон Ким Дерок денеска поднесе оставка откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарекол „глупав“ и „помпезна будала“.

Претседателот Трамп го навредил британскиот амбасадор откако дознал дека Дерок  ја означил  американската администрација како неспособна, пренесува Ројтерс.  

-Од претекувањето на официјални документи од оваа амбасада имаше многу шпекулации околу мојата функција и мојата оставка како амбасадор, навел Дерок во писмената оставка.

Британскиот амбасадор со овој чин сакал да стави точка на сите шпекулации.

-Моменталната ситуација ми е таква , невозможно ми е да ја извршувам функцијата онака како што би сакал“, навел дипломатот.

Дипломатските депеши кои претходно процуреле во јавноста откриле дека британскиот амбасадор во САД за администрацијата на Трамп дека е неспособна и дисфункционална и дека не може да биде подобра.

притисни ентер