Фото: Аца Лукас заљубен до уши!!!

Популарниот српски пејач Аца Лукас ја покажа новата девојка.

Контроверзниот пејач  веќе не ја крие  новата љубов и ужива во друштвото на русокосата убавица Јована.  

Лукас досега успеваше да ја сокрие  убавата Јована од медиумите, но  неговата нова девојка сепак одлучи јавно да го подржи своето познато момче.

Јована се појави на промоцијата на новиот дует на Лукас и цело време седеше блиску до своето момче.

Новиот супер трактор во акција – Не ора , но ,,лета” со 250 км/час (ВИДЕО)

И покрај тоа што тракторот е разноврсно повеќенаменско возило, брзината никогаш не била важна. И тогаш пристигна Fastrac Two.

Пред околу една година, со помош на Вилијамс, JCB направи трактор со кој се зафати за рушење на брзински рекорд. Возеше со брзина од околу 166 км на час и се запиша како најбрз во светот. Сега повторно се докажува. Пет тони тешкиот трактор управуван од 7,2-литарскиот дизел мотор во просек вози со брзина од 217.570 км на час, додека најголемата снимена брзина беше дури 247,47 км на час!

Доволно за да се најде на списокот на Гинисови рекорди и веројатно да остане таму со години. Освен ако Гај Мартин, иницијатор на проектот познат по освојувањето на „чудни“ рекорди, нема идеја да ја подигне границата, да речеме, на 300 км/час.

Пред да го погледнете видеото, имајте на ум дека и покрај своите 1.000 коњски сили и 2.500 Nm моќ, овој трактор не може да направи многу повеќе од Соборување рекорд во брзина. Не може ниту да се помисли со овој трактор да се соборуваат рекорди во брзо орање.

Британската полиција трага по добротвор кој остава пликови со пари на улица (ВИДЕО)

Британската полиција е во потера по мистериозен добротвор, кој остава коверти полни со пари на улиците во малиот град Блекхал Колери, на северот на земјата.

Непознато лице остава пари од 2014 година. На почетокот на оваа недела, бил пронајден плик со 2.000 фунти. Ова е четврти плик од почетокот на годината, дури 13-ти за последните пет години.

Како дел од истрагата, полицијата зеде и отпечатоци од банкнотите, но и покрај сите напори, тие не успеаја да го откријат идентитетот на сопственикот на парите. Детективот Џон Форстер рече дека случајот останува мистерија.

„Ние ја поздравуваме секоја информација што ќе помогне да се расветли овој случај. Сето тоа би можело да биде дело на филантроп“, рече тој, додавајќи дека граѓаните што ги нашле парите му се благодарни.

Парите ќе останат во полициската станица две недели, а доколку сопственикот до тогаш не се појави, ќе му бидат доставени на лицето кое ги нашло.

Здравко Чолиќ загрижен поради неговата преубава ќерка : Тоа ми е најтешко!

Пејачот Здравко Чолиќ ретко зборува за неговиот приватен живот, но овој пат направи исклучок и зборуваше за ќерките на Уни и Лара за српските медиуми.

„Горд сум на моите ќерки, како што е секој татко. Јас сум тука да ги поддржувам и да ги исполнам нивните желби. Одбраната против момчиња веќе започнува. Животот и една сосема нормална работа “, признава тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😈❣️

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

Неговата постара ќерка Уна неодамна наполни 18 години и покажа дека пораснала за да биде вистинска убавица, па не е ни чудо што гордиот татко се грижи како да ја одбрани од  потенцијалните додворувачи. Вели дека таквите мисли му се најтешки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🐬

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ▪️Una ▪️Čolić▪️ (@unacolic) on

притисни ентер