Де Лихт се поблиску до Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион  Јувентус добива огромно засилување?

Капитенот на Ајакс Матијас де Лихт е се поблиску до трансфер во Торино, откако раководството на Јуве одлучил да ја зголеми понудата.

Според „Газета дело Спорт“ , Ајакс одбил 67 милиони евра со барање за повисока понуда вредна 75 милиони. Сега се очекува раководството на италијанскиот гигант да ја прифати бараната сума.

19- годишниот Де Лихт која игра на позицијата стопер претходно ги договори личните услови со Јувентус и стави потпис на пет годишен договор , според кој ќе има годишна плата од 9 милиони евра, без бонуси.

До крајот на неделава би требало Ајакс и Јувентус да постигнат договор, а Де Лихт да ги изврши лекарските прегледи во Торино.

Летово еден од најголемите светски таленти ги одби понудите на Барселона и Пари Сен Жермен.

Без вода денеска дел од село Батинци

 Без вода денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците од село Батинци.

Прекинот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, е поради уличен дефект ф-100мм на улица 7/ Батинци.

Русија го укина задолжителниот карантин за патниците од странство

Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, одлучи Федералната служба за здравствена заштита.

Странските државјани кои доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус, или да се тестираат во рок од три дена по влегувањето во земјата.

За од руските граѓани исто така важи обврската да се тестираат во рок од три дена од пристигнувањето во земјата.

Работодавачите се обврзани да ги известат вработените за задолжителното тестирање и да проверат дали ја исполниле таа обврска.

МЗ:Неделава почнува поставувањето на монтажен амбулантско-поликлинички оддел

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.

Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

притисни ентер