Видео: Жена го остава бебето во контејнер

Жена од Тајланд го остава своето новородено бебе крај контејнер и заминува со мотоциклот.

29- годишна жена од Тајланд која медиумите ја нарекле „'Waraporn“ го родила детето во својот дом во местото Самут Пракан, но потоа одлучила да се ослободи од бебето, пренесува „Дајли маил“.

Безбедносните камери  ги снимиле моментот кога жената со мотоцикл заедно со уште едно дете пристигнала  до контејнери и таму замотано во покривка го остава новороденото бебе веднаш до ѓубрето. Неколку часа подоцна ѓубреџиите го забележале бебето и веднаш ги повикал службите. Итната служба веднаш го однела бебето во болница од каде изјавиле дека новороденчето е во добра состојба.

Полицијата отворила истрага и ја пронашла мајката во многу тешка состојба. Жената била однесена во болница поради обилно крварење . Таа им признала се на полицајците и раскажала дека има 4 деца и дека нема можност да го издржува и петтото поради тоа што е многу сиромашна.

Видео: Авион слетува над главите на туристите

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот прелетува над главите на туристите.

Аеродромот на грчкиот остров Скијатос е популарна туристичка атракција и голем број туристи чекаат покрај пистата за да им се случи вакво несекојдневно искуство.

Џеф Безос прв пат во јавност со љубовницата

На финалето на Вимблдон, сопственикот на компанијата Амазон а воедно и најбогатиот човек на светот Џеф Безос се појави со својата љубовница, 49 годишната Лаурен Санчез поради која се разведе после 25 години брак.

Се чини тој не можеше да и одолее на својата љубовница па наместо во теренот тој постојано гледаше во нејзе.

Пробал да шверцува кокаин под својата перика

Полицијата  во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува  половина  килограм кокаин под својата чудна перика.

Надлежните велат дека  човекот  изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа. Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле. Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30 000 евра.

притисни ентер