Во кафе бар во центарот на Прилеп фрлена бомба, за среќа не е експлодирала

Во центарот на Прилеп утрово е пријавена бомба, која за среќа не е експлодирала.Бомба кашикара пронајдена е напладне во центарот на Прилеп.

Кашикарата наводно со изваден сигурносен осигурач подготвена во секој момент да експлодира била оставена под маса со столови од летната тераса на кафе барот ,,Кафе Ин“,во близина е и експозитурата на НЛБ Тутунска банка.

Овој дел од градот е целосно блокиран од полицијата.

Евакуирани се посетителите на кафе барот и вработените во банката .

 А ангажирани се екипи од итната медицинска помош и од професионалната против пожарна служба.

 Засега не е  познато кој ја поставил бомбата кашикара.  Се очекува специјализиран тим од МВР за нејзино деактивирање.

Надлежните во интерес на истрагата се воздржуваат од официјални изјави,а од очевидците никој не сака да говори.

Сопственикот на овој кафе барот и неговите соработници се блиски на СДСМ.

Граѓаните зад камера претпоставуваат  дека кашикарата е само порака упатена до некој.

Судскиот процес „Талир 2“ одложен за 15 октомври

Предметите кои беа во надлежност на СЈО, се вратија во судница, но очекувано со нови проблеми. 

Наместо да почне со воведни зборови, денешното рочиште за случајот “Талир 2”, се одложи затоа што адвокатот Дончо Наков побара време да се исконсултира со неговиот клиент, обвинетитот Никола Груевски, бидејќи полномошното му било дадено само за предмети водени од СЈО.

Рочиштето почна со правна битка меѓу адвокатите и старо-новата обвинителка Ленче Ристоска околу надлежноста редовното обвинителство да го застапува овој случај и легитимноста на државниот обвинител Јовески да ги доделува предметите на истите обвинители од СЈО. Обвинителката Ристоска посочи дека Државното Јавно Обвинителство ги има преземено предметите од СЈО и има целосна надлежност, со што нема законска пречка скопското обвинителство, каде таа премина, да го застапува. По завршувањето на рочишето Ристоска ги посочи новинарите за сите прашања околу понатамошната работа да се обратат до прес службата на државното обвинителство.

За овој предмет кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Ристоска предложи на следното рочиште кое е закажано за 15ти октомври да се повика и претставник на партијата.

Обвинети во овој случај за злоупотреба на службената положба обвинети се експремиерот Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Со старо-нов обвинител денеска продолжи и рочиштето за предметот “Тарифа” кој беше во надлежност на СЈО.

ДавидовиЌ: Спречил ли Дончев, Шведска инвестиција во македонското здравство?!

Дали е на повидок нова афера, овој пат во здравствената сфера. Бизнисменка од Скопје поднела кривична пријава против Ден Дончев и Венко Филипче дека наводно се обиделе да стопирале шведска компанија да инвестира во земјава.

Адвокатот на бизнисменката Вера Иванова, Ѕвонко Давидовиќ, вели дека министерот и директорот на фондот за здравство, ја злоупотребиле службената положба, за што постоеле повеќе докази.

 Филипче и Дончев став најавија деновиве.

Државниот врв се обедини против дезинформациите и лажните вести

Државниот врв почнува борба со лажните вести како голема закана за безбедноста и демократијата во современото општество. 

Пропагандата и дезинформацијата имаат потенцијал да промовираат говор на омраза и насилство и да ја намалат довербата во демократските вредности, рече премиерот Зоран Заев на првиот конститутивен состанок на Акциската група што ќе ги координира државните институциите во оваа борба.

Заев како пример за лажни вести посочи некои од информациите и вестите кои континуирано се објавуваа за Договорот од Преспа.

Во оваа ера на дигитализација кога сите информации ни се достапни со еден клик, често немаме можност да направиме разлика меѓу издржана и професионална вест од дезинформација, а општество без силни медиуми не може да се развива демократски, смета претседателот Стево Пендаровски.

Лажните вести се и закана за безбедноста на државите, вели тој.

Кампањата против лажните вести ќе се води според стандардите на Европската комисија и секторот за комуникации на НАТО.

Од октомври е најавена серија консултации со граѓанските организации и медиумите, но и иницијатива за регистар за професионални онлајн медиуми со познато сопствеништво и импресум. 

притисни ентер