Утре на Скопско лето

Утре со почеток од 20 -30 часот  ќе се одржи концерт на „STRING OF LEONA & SERENA" – Шпанија, на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.

Во случај на невреме, концертот ќе биде префрлен внатре во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.

„Strings Liona & Serena" е четиричлен состав (глас, виолончело, виолина и гитара), со репертоар базиран на традиционални еврејско-шпански песни, вклучувајќи и латинска музика, сефардска итн. Покрај нивниот одличен музички квалитет, овој концерт е совршен допир за прославата на 25- годишнината од воспоставувањето  на односите меѓу двете држави.Сефардската музика е компилација на музика од различни генерации низ целата хебрејска историја.

притисни ентер